Денес од утринските часови Меркур поминува преку сонцето-редок феномен
Во минатото транзитот на Венера преку Сонцето била искористена да се даде пресметка на големината на нашата ѕвезда ,како и колкаво е растојанието до земјата.
Назад во 17 и 18 век, следење на транзитот на Меркур како и транзитот на Венера ,допринел да се изврши прецизно мерење на растојанието помеѓу Земјата и Сонцето, а исто така и во утврдувањето на големината на Сонцето(пречник).Познатиот германски астроном Јоханес Кеплер го предвидел Транзитот на Меркур, дека тоа ќе се одржи на 7 ноември 1631.
Транзитот на Меркур во 2006-та година беше искористен од група собрани научници(Бразил, Калифорнија и Хаваи) ,за да се подобри прецизноста на димензиите на Сонцето. Овој тим утврди дека дијаметарот на Сонцето е 1 392 684,455 км или(865374 милји).Бидејќи Меркур е мала планета, со дијаметар од само 4879 км(3.032 милји),денес ќе помине како многу мала дамка(1/158 дел од Сонце), дијагонално од горе кон доле врз површината на Сонцето.Следниот Меркуров транзит преку Сонцето ,треба да се случи во 2019 (извор НАСА). Ваков транзит е редок и се случува 13-14 пати на 100 години.
Овој астрономски ефект ќе биде видлив во целиот свет бидејќи трае 7 и пол сати,со исклучок на Индонезија,Австралија,источниот крај на Азија како и Јапан.Почеток настанува околу 7 часот и 12 минути (ЕДТ) ,а завршува околу 14 и 42 минути.По време на Република Македонија првиот контакт е околу 13:10 (погледнете табела во коментар).Се советува да припазите директно да го набљудувате сонцето, за да го видите овој редок феномен.Посебно припазете на децата , да не ги изложат очите на директната сончева светлина подолго време.За телескопите и двогледите потребен е соларен филтер.
Comments
Меркуров транзит на Сонце гледано од Скопје Република Македонија
-UTC универзално време
-Првата локација за да ја видите делумно транзит започне 9 мај, 13:10:25
-Меркур е најблиску до центарот на Сонцето 9 мај, 16:57:25
-Последна локација да ја видите комплетната крајот транзит 9 мај, 20:41:05
-Последна локација за да ја видите делумна крајот на транзитот мај, 20:44:17