Натална карта на актерот Дејан Лилиќ

 Дејан Лилиќ

 

Месечина Водолија

Сонце Терезија

Подзнак Рак

 

dejan_akter_direktor_mnt

  

Џотиш –Индиска астрологија

  

 
Спој на пријателство,емотивност и дипломатија

 

Дејан Лилиќ е роден под влијание на месечината во Водолија или по индиски Кумбха ,додека среќната ѕвезда на раѓање е Пурва Бхадра- чиј владател е Јупитер.

 

Пурва бхадра среќната ѕвезда на Дејан

 

Митолошки Пурва бхадра симболично е претставена преку човек со маска на лицето или дволичен човек!Тоа асоцира на актерски способности и „глумење„ во животот!Нестабилен дух кој ја сака слободата

Да се изгори,да се стопли да казни некого,да се разбесни да има топлина,да се биде гневен,брз,„закачко“,да се има „кисело“ лице,да се смее,да е страствен,вреден ,налутен и свеж,да се има желби кои „пламнуваат“,да угнетува ,да има грижа на совеста,да се кае,да издржи,да се самопонижува и измачува,да се навредува себе си,да се биде загрижен,да падне,да засмева,

 

.....ова може само актер....

Психологија

  

Месечевиот знак Кумбха-Водолија ,кај Дејан е поврзан со

човечки особини,натпреварувачки дух и интелектуален потенцијал.Говорот е примарна „алатка“ за постигнување на успеси во животот.Личноста е „борец“ и до успех стигнува со сопствени вредности и ораторски способности!

Водолијата,неговиот главен знак во Џотишот е хумана и ориганална личност,а тоа подразбира способност да одглуми „све“ ,а при тоа да наметне сопствен гламур и сјај!Бидејќи Водолијата е знак на слобода и раскинување на незнаењето,треба да му се дадат ролји кои имаат можност за слободна интерпретација и бараат асоцијативност и „либерте„ театар!Скоро е сигурно дека тогаш ќе блесне неговата ѕвезда во полн сјај ,а публиката

ќе биде пријатно изненадена од неговиот талент, секојпат „различно„ да ја доживува истата драмска улога.

***

Но....каков е планетниот распоред и каде е силата во наталната карта на Дејан.Треба веднаш да се истакне влијанието на Малавја јога,која е во групата на Маха панча пуруша јога ,а ова влијание е ретко и го имаат само „одбраните“.Планетата Венера е во своето седиште(терези ја),аспектирајќи го десетото поле на кариера(зенит), додека самата е под влијание на аспектот на јупитер(трикона од месечина), кој е посебно поволен за асендетот Рак.Ова влијание дополнително е потпомогнато и со стелиум на планети во Терезија и покрај Венера тука се и Марс(јога карака) и Сонцето кое дава успех и слава,што ја комплетира силата на Малавја јога.Марс како посебно погоден во хороскоп на Дејан и во 10(карта за кариерата)и 9(карта за партнерските односи) има максимална сила и е втор показател на успех!

Ова е сигурен показател за забавувач или актер,занимање со префинети уметности,употреба на луксузни предмети и облека ,одлични превозни средства и комфор како и материјален напредок.Како дополнителна оценка на ова силно планетарно влијание е поставеноста на венера во 9 поле од Чандра лагна,што е показател за проекти,патувања и соработка со деца и возрасни надвор од родното место.Тоа подразбира и успешно „менаџирање“ странци и соработка во полето на уметностите(музика,театар, сликарство,филм.....).

 

До 2007 година неговата кариера е развојна со мали осцилации во фебруарските периоди,кога се советува да одмара и да се припрема, додека неговите реализации се околу роденденот месец октомври,па се до јануари и со почетокот на пролетта секоја година!Посебен успех го очекува во 2004 и сигурни се нови ангажмани и потпишување на договори,кои ќе придонесаат да покаже дел од горе споменатите таленти!Тоа подразбира многу нови познанства,битна соработка со странство и негови патувања,од кои посебен е периодот околу август или октомври 2004!

Нека се припреми за потпишување на нов деловен аранжман ,а се советува да се соработува со лица кои се родени надвор од Скопје.

Активирањето на јога карака планетата марс сигурно ќе му донесе признанија и успеси,а во завршницата на 2004 година може да се надева на награди и признанија кои ќе отворат пат за нови соработки и проекти.

И при крајот на оваа 2003 и почеток на 2004 година извесни се признанија од негови колеги,како и промовирање на идни планови.

Успешни периоди октомври 2004 до јануари 2005,признанија март до октомври 2006 и декември истата година,

 

2007 година е пресврт на емотивен и деловен план и почеток на една нова фаза во неговиот живот.Се советува внимателност во март и септември 2007 и 2008 при патувања!

Доколку биде „стенд бај“ истата година(2007) и ги послуша советите на постар колега или менаџер(странец) кој ќе му понуди соработка,може да промовира новости во работењето и негова успешна филмска продукција.Сличен период во работењето го имаме во наталната карта на Роберт де Ниро после 1975 година!Доколку Дејан се насочи,можни се нови почетоци и успешен период на деловно поле.Успехот сепак не е детерминиран и ќе зависи од неговиот ангажман и потреба да се најде во близина на „славни“ режисери!

Comments

Дејан Лилиќ на венецијанскиот филмски фестивал со Филмот Измена

режија KIRILL SEREBRENNIKOV - ИЗМЕНА(BETRAYAL) 

Предвидувањето за успешниот период на Дејан Лилиќ,како да започнува.Рускиот филм Измена(Неверство),во кој главната машка улога е негова,е на листата на Венецискиот Филмски Фестивал.Режисер Кирил Сребреников,додека главна женска улога е на Франческа Петри-германска актерка.

 

vedska astrologija od vedik pro

2007 лилиќ станува уметнички директор на мнт

 Во наталната карта на Дејан е спомната 2007 година како исклучителна во неговата понатамошна кариера.Истата година на самиот старт,добива признание и именување на уметнички директор при Драмски театар во Скопје.За овој пресврт е напишано уште во 2003 година во неговиот натален хороскоп.