Васту,Фнг Швеј

Совети за проток на енергија

Воздухот е еден од главните носител на сите добра па генерален совет е чисти и проветрени простории.Проветрете колку можете повеќе во тек на денот.Не пра вете го проветрувањето во време кога загаденоста е зголемена(автомоби ли,фабрики, и сл.

Храната која е непосветена е со слаб квалитет.
Храната која се готви кога сте нервозни е тивок отров-избегнете ја
Храната која ја приготвувате со милост и позитивност о Вас е лек и витално делува на членовите од семејството кои ја кнзумираат.

Влезот е најбитен и секојпат одржувјте го светол и чист
-без кондури пред него (ветер+етер=нег.мириси во домот)
-кревет поставен со главите блиску до ѕид ,правец на спиење на во однос на магнетните оски,
-детски кревет стабилен и од природни материјали,а воздухот несметано да кружи од сите страни.Не смее да има стари работи испод него.
-спална без електро уреди сите кои го одвлекуваат вниманието од основната цел одмор (бои на постелнина внимателно одбрани и секојпат изнесени на свеж воздух)
-материјалите кои се користат треба да бидат природни,но внимателно со употреба на метал,мермер,и ладни материјали.Доведуваат до стрес на деловно поле.Избегнувајте син теписон и црвени фотељи.Доведуваат до зголемен притисок и немир.

-слики,огледало,аквариум и сл внимателно за во спалниот простор.
-поставете воден елемент(фонтана,аквариум,водена скулптура,..)на своето вашето омилено место
-зад работната маса(биро) позади грбот на детето,да има пано,ѕид или преграда ,за да се зголеми неговата концентрација и подобро работи.
-во кујната внимателно употребувајте ја сината и црвената боја за елементите,ѕидот и сл.Ладните и топлите ел.уреди(апарати) не смеете да ги ставите еден спроти друг но и еден до друг –создава семеен неспокој и кавга

Без соодветна натална карта не можете да ги поправите некои недостатоци на енергија во просторот.Квалитетен совет може да добиете од ведски астролог(Џатака-индиска астрологија) и правило е да не давате информации предвреме за вашата состојба во домот или на личен план.За да му верувате на астрологот молчете и проверете го неговото знаење кога без да му кажете збор Ви лоцира настани од Вашето минато.Се што треба да му дадете како информација се податоци за Вашето раѓање ден месец и година,час на раѓање,како и место на раѓање.Доколку Вашиот час и минут е неточен астрологот ќе треба да го корегира,а како основ ќе бидат настаните кои нема да се поклопат со неговите пресметки.