Само 68 дена (околу 2 месеци) не делат од новата 2015 година.Астролозите веќе ги проипремаат своите хороскопски анализи,а се со една цел. Што не очекува во 2015!
Скоро секојпат во овие изминати 24 години активно присуство на „астро подиумот“ на Република Македонија ,се објавувале прогнози за хороскопските знаци,се пишувало за политичките настани во земјата и во светот и се давале предвидувања кои допреле до многумина... и се надевам се со една цел да им ја доближам оваа древна референтна наука на едноставен практичен начин ,на сите кои ме следат.Повеќето љубители на мојата работа, скоро секојпат ја изразиле својата подршка на мое дадено успешно предвидување и ако во 90-те со неверување ги следеа успешните прогнози,по извесно време се навикнаа на истите и астрологијата веќе не ја третираа како „жолт печат“.
Овој вовед околу прогнозите за 2015,има цел пред се да Ве растерети,Да ја подигне Вашата свесност дека среќата ја создавате самите и дека „кармичките“ закони детерминирано делуваат само на тие кои не знаат да одберат кој може да им даде добар совет.Пред извесно време мој клиент ми упати прашање-констатација,по мојата 10 минутна беседа за слободната воља и детерминираниот пат или судбина која е адрита непроменлива.
Цитирам: „Значи секој однас нас може да ја промени својата негативна судбина,во даден период од свој живот.
Мојот одговор беше „Не секој,....само оној кој го знае тоа далеку предвремето на настанот, но и на време ,пред да се случи настанот“ Ретки се тие кои имаат добар учител-советник!
Детерминираноста или непроменливата судбина е присатна со секое раѓање,во секоја натална карта.Во овој момент секој од Вас има детерминирани периоди кои чекаат да се активираат во дадено време од животот.Доколку астрологот ви вели дека не верува во непроменлива судбина,тој е со незнаење.Астрологијата е наука за светлоста божја и само лицата кои добиваат „светлина“ на знаење ,може да ги променат детерминирати и неминовни судбински добри или лоши случувања во нивниот живот.
Добрите заради незнаење може да ги пропуштат!
Лошите заради незнаење може да не ги пропуштат!
Comments
натална за 2015