Ведска астрологија-Џотиш со Симеон Атанасоски познат Mакедонски астролог.Vedska astrologija Jyotish so Simeon Atanasoski

Како да се учи денес

Знаењето(науката) која доаѓа преку шастрите(ведските свети списи) е неограничена, и вештината(уметноста)да се научи е голема, времето што го имаме е кратко, и нашите можности да научиме е со пречки.

Затоа изберете за учење она што е најважно, исто како што лебед пие само млеко во вода.

Пресметка на мајите за крајот на времето

Во древната архитектура на Мајите,имаме докази дека ја познавале сферната астрономија и деклинација на ѕвездите .drevna_astronomija_majiНа одредено место (поволно за набљудување) била поставена опсерваторија наречена Каракол "Caracol",која се користела за набљудување и пресметување на астрономски координати,како и максимална деклинација на планетите ,кон северна и јужната хемисфера.Нивните мерења и денес делуваат интересно и актуелно,пред се з

Prikazna za Saturn 4 del

 Тогаш кралот Викрама си рекол: „Го навредив Сатурн, таа моќна и сурова планета, сега дефинитивно ќе го ожнеам тоа што го посеав со своите навредливи зборови.“ Измачувајќи се во своите мисли Кралот Викрама легнал и заспал. Следното утро се вратил да владее на својот трон, онака како што секогаш владеел. Однадвор сè изгледало нормално, но во себе бил крајно вознемирен од помислата на измачувањето кое му следувало од страна на Богот Сатурн.

Оттогаш поминал точно еден месец.

 

Карма

  Карма

Џотиш–Индиска Ведска Астрологија

Карма,судбина,проклетство,запишано во ѕвездите!!!Пред 15тина години релативна непознаница,денес многу повикани да говорат за зборот карма,а малкумина можат да проникнат во суштина.Некои се исплашени од самиот збор,и го поврзуваат со неминовност отплаќање на некаков долг од минатите животи(источната-ведската теорија за реинкарнирање),некои го употребуваат за подбив и шега.Западните астролози без „корен“ го вметнуваат во својата пракса,а најчесто да бидат во тек со промените го прифаќаат терминот кој ја губи својата „сила“ колку повеќе „стручњаци“ се повикуваат на него.Од мојата пракса со Џотишот едно е сигурно!Карма е детерминиран процес,на активност и пасивност и состобата на свест кој ги надминува овие поларности.Секој од нас треба да ја знае својата причина и последица на раѓање за да може да одговори на суштинската потрага по вечните прашања Кој сме,Од каде доаѓаме,каде одиме!?

  

Зборот карма е огледална слика на зборот акарма.Едниот се поврзува со акција,работа,делување и движење(карма), додека акарма е недвиж ење,пасивност,без дејство.

акарма- недвижење

акарманах-без работа,без дејство

карма-акција или активност

кармабхава-10куќа во наталната карта

кармаџа,карманах,карманаакармани,карманх,кармабандах...итн. покажуваат робство и зависност од работа,тешка макотрпна работа,

Ова подразбира да зборот Карма се поврзува со 10куќа во астрологијата(татко,работа кариера),аналогно зборот акарма би требало да се поврзе со 4 куќа која е врската со мајка,домот,комфорот.

Значи сите оние кои имаат нагласено влијание на овие куќи,во овој живот треба да научат да изградат кариера или да одберат помеѓу кариерата и семејството.Бидејќи кармичката активност преку планетите резултира помеѓу два избора,луѓето се „растргнати“помеѓу две главни кармички состојби.

  

Овие поларитете на карма се:

1.јас и другите

2.добивки и загуби

3.најблиски и цело човештво

4.мајка и татко

5.љубов и пријатели

6.служење и ослободување

 

на пример:некој е под карма на 5 поларитет,доколку е позитивна има среќа во љубовта,но може да трпи загуби од пријателите

 

кога е обратно трпи љубовта и децата,а личноста е боем,со многу пријатели

 

За да се најде која е нашата главна кармичка активност,треба да се изработат серија на хороскопски карти преку главната natalna-karta.html,но сепак за да секој приближно пронајде која е неговата кармичка задача дадени се години со разни појдовни релации на карма

 Карма преку мајка,потешкотии или награди,не може да се има емоционална стабилност доколку односот со мајка е лош и има неразбирање и нетрпение.Најчесто овој тип на карма дава и несреден и лош брак ,а најголем е и процентот на разводи.Личноста мора да сфати дека не треба да ја менува и превоспитува својата мајка туку дека треба да ја прифа ти со љубов и служење.Интересно е дека резултатите се одма позитивни,доколку лицето кое е под карма со мајка, ја прифати астролошката препорака за љубов и служење кон мајка.Но најчесто лицето кое е под ова влијание ќе служи и сака други мајки,но не и сопствената!!!

*попрецизна анализа е доколку побарате лична изработка на наталната карта

(вашиот индиски хороскопски знак)

следи табела за родени

 

Хороскоп за 2011

Ведска Астрологија за 2011.Предвидување за настани во светот на мундано поле.Економски и политички случувања во светот.Влијание на планетите јупитер,сатурн,марс кај поедини регии,но и во наталната карта на поединецот.Предвидување за Република Македонија,за Балканот,Европа и за светот.Најважните денови во 2011.

двомесечен хороскоп септември октомври 2010

Септември 2010 ДвоМесечен Хороскоп Dvomesechni horoskop Најпрво најдете во табела 1 или 2  дали сте во позитивната или негативната група за наредниот период.Потоа прочитајте го текстот за двомесечниот хороскоп за Вашиот знак.

двомесечен хороскоп јули август 2010

Денови од посебна важност околу деновите 3 и 11јули, 13 до 17јул и 20 до 25 јули ,а во август од 1-3,околу 8,14 и 18 до 22 август

Доколку пак сакате дневен хороскоп(добивање одговор на поставено прашање),Пратете СМС на 078 310992 со содржина dd.mm.gggg, каде dd.mm.gggg е Вашиот датум на раѓање. Цената на користење на услугата .Дневниот хороскоп е попрецизен доколку го знаете хороскопскиот знак по индиска астрологија.

За да најдете каков ви е двомесечниот период проверете на линкот 

двомесечен хороскоп

Двомесечен хороскоп мај-јуни 2010

Потребно е да го знаете Вашиот знак по источна(индиска) астрологија за подобар
квалитет на хороскопот.Најпрво проверете дали сте во позитивната односно негативната група за наредниве 2 месеци,а потоа прочитајте за Вашиот  знак.

Внимателно во сообраќај

Периодот од 29 до 30јануари 2010 е неповолен и се советува претпазливост во сообраќај или во секојдневниот живот со избрзани непромислени одлуки.Во светот овие неколку дена до првата недела на фебруари е неповолен за патување (авионски сообраќај) и можни се доцнења,одложувања и проблеми во воздушниот сообраќај. Посебно за хороскопските знаци по индиска астрологија близнаци,рак,лав,како и знаците стрелец,јарец нека внимаваат.

Науката и Астрологијата

Истражување кое е поврзано со астрологијата како наука.Предложете компаративни анализи на останатите науки и нивните одстапувања во однос на поставените закони .Дали астрологијата може да се потврди како наука со проверка на астролошките закони.Примери може да се посочат, кога се јавува отстапувања на теоретска наука со измерените вредности и зашто се појавува отстапување и во кои граници на вредност се отчитувањата.

Syndicate content