Хасан Роухани
Председател на Иран 2013
Неговиот противкандиадат Мохамед Багер,имаше нагласена политичко кшатријска планетна подршка,а тоа подразбира председател војник.На изборите победи Хасан Роухани, и на овој начин избран е во наводници помирен и либерален реформист.Показател на ваквиот профил на личноста е Сонце во терезија(Вишака накшатра)која е со јупитерова подршка,а Јупитер(Гуру)е сместен во своето седиште во Стрелец и ја истакнува ова наводно ослабена позиција на сонцето Во Терезија.Сонцето е во Бик во Д9,па оттука ги превзема вибрациите на венера и во Д1 и во Д9.Оваа позиција е потврдена и во Д60(шеесетта карта),каде јупитер е во седиште во спој со Сонце.Аналогно Јупитер-религија и сонце политика се во „брак“ во Д60 ,каде Парашара доделува фактор 3.0 за сила на амсите.Јупитер од Месечина која е во Мина(риби) создава амала јога и ја истакнува силата на мудрост,одмереност и правда.
Психологија: „Hawk or Dove?“ прашање на новинар на ЦНН.Одговорот на ова прашање не е црно или бело! Привидно благ и умерен со нагласена потреба за правда,но и под тамас(незнаење) заради татковата карма ,која подразбира попустливост и осетливост на роднини од таткова страна кои можат неповолно да влијаат врз неговата работа.Можна е вмешаност на роднина од таткова страна со некаков корупциски скандал или финансиски шпекулации.
Благи предвидувања:
Најголемо искушение за новиот председател Хасан Роухани може да биде неговиот емотивен живот,бидејќи слабоста во неговиот хороскоп е преку венера во девица,која е ослабната иако гради аспект на паривартана јога.Сатурн во транзит е преку сонцето,кој е поврзан со виталноста и здравјето,а сатурновната осмица(осми транзит) не донесува добро во генерална смисла во неговата natalna-karta.html.Ова не е ни основна анализа ,а камоли да се говори за прецизни предвидувања,сепак може да се нафрли мала прогноза дека есенскиот период нема да му донесе добро.Можни се и проблеми на здравствено поле ,зголемен притисок над него или неговата работа,а бидејќи марс во месец октомври навлегува во политичкото, но и военото поле на Лав,а сонцето е максимално ослабено заради влијанието на Сатурн во раху накшатра(гочара ефект),се предвидува нестабилен двомесечен период.Треба да се погледне овој период и на мундан план околу 7 октомври 2013, 19 октомври 2013 и пред се 3ноември 2013 е опасен период за него.Извесни се проблеми во неговото работење,а нема да изненади и силен притисок од западот односно соседите,заради внатрешни случувања во земјата.Бидејќи е под Јупитерова заштита(го штитат вишите „божји“ сили),можно е да одбегне атак врз него.Сепак ова зависи од точноста на времето на раѓање ,а бидејќи го немаме сатот на раѓање ова предвидување е нецелосно.