Љубовта и хороскопските знаци

 Симеон Атанасоски објавено 2003-2004

       Љубовта и зодијачките знаци

 

Џотиш –Индиска астрологија


Огнена,Земјана,Воздушна и Водена Љубов!!!

 


Да се проговори за љубовта и зодијачките знаци е исто како да се говори за нијансите на милиони бои кои се прелеваат како и во уметноста.Некаде се пропорционални природни и складни,но кај некои дела на сликари се гранични,спротивни и драматични!!!

Во индиската астрологија(Џотиш)постојат софистицирани пресметки на љубовниот склад,кои се изразуваат математички во проценти,а каде се врши астролошка складност или компатибилност кај партнерите на: љубовен,сексуален,интелектуален,физички,емотивен,план на касти итн.На пример доколку партерите се со складен зодијачки знак,но припаѓаат на различните касти,тие можеби после успешниот почетен љубовен однос,да се соочат со проблеми во животот и нарушување на евентуална брачна среќа.Или друг пример доколку партнерите припаѓаат на различни категории на Гана или Јони да немаат сексуален склад.

*постојат 3 типа на Гана дева(боженска),манушја(човечка) и ракшаса(демонска).Доколку партнерите припаѓаат на истата група дева со дева,манушја со манушја,ракшаса со ракшаса тие се во склад и љубовно си одговараат.Најлош однос е жена со ракшаса особености,а маж со особини на дева и обратно!Што би рекле односот име пекол!

Ведската-(Индиска Џотиш) астрологија испитува минимум 12 системи на склад помеѓу партнерите,а завршниот заклучок е после изработка на деталната natalna-karta.html на двата партнери,бидејќи тие можат да се запознаат во најдобриот период од животот,за да потоа со тек на годините ,наместо љубовта да се зголемува или одржува,настанува љубовна ерозија и кризи во взаемниот однос.

Порачка и компаративна анализа на 2 хороскопа(Ваш и Вашиот партнер )со предвидување за идни настани од познатиот астролог Симеон Атанасоски на тел: 02 3060382 по 12 часот.

Доколку сте надвор од Скопје или Република Македонија
на мејл atan@t-home.mk