Влијанието на Јупитер во 2018

Превземено мое предвидување за 2018 на мундан план во Макеоднија

цитирам:

„ Ова влијание на Јупитер во Терезија привршува до октомври 2018 ,за да потоа(октомври-декември) полека помине во знакот на Скорпија ,па треба да се внимава да не биде насочено кон лица кои професијата им е поврзана  со правдата и судството.Тука треба да се споменат и агенции за обезбедување,професионални војници ,полиција и службите на внатрешни работи ,а ова влијание е неповолно и кај некои политичари.Поволното влијание на Јупитер е кај научните работници ,кај дел од естрадните ѕвезди и спортисти , кај професии кои тргуваат со медикаменти и хемиски средства(бои,отрови,лекови,итн).Марс скоро цела година транзитира во четвртина од зодијакот ,односно од скорпија(јануари),стрелец(март-април),потоа до октомври 2018 е во знакот на Јарец каде е истакнат,бидејќи тоа е место на негова егзалтација,за да по ноември 2018 брзо го напушти првен полето на водолија(Кумбха) ,а потоа и при крај на декември 2018 навлезе во Риби(мина).Затоа ова негово влијание е комбинирано,најпрво е помалку насилно и деструктивно но прочистувачко, потоа „ветувачко“ за подобро утре и делумно позитивно,за да во најголем дел од година,после мај-јули 2018 не разбуди сите од сон и делумно „освестени“ до ноември да побараме одговор на повеќе наши внатрешни прашања! Потоа може да се претпостави дека брзиот негов транзит најпрво во Водолија ,за да потоа во Риби донесе интелектуални разногласија и дебати во јавноста ,кои повеќе ќе внесат конфузија отколку да дадат брзо решение.„