Астро Интервју за порталот Точка

Симеон Атанасоски мундана застрологија за портал точка

1. Може ли да се очекува конечно разрешување на политичката криза?
Политичката криза се намалува кога се задоволат граѓаните со достижна правда и со кошница која ги задоволува најосновните потреби за егзистенција.Моментално распоредот на пратениците избрани од народот е со повеќе желби, одошто со реални остварливи агенди.Кризата ќе го има својот максимум кај владата во првите три месеци,за да во наредните два се префрли кај опозицијата.Со малку напор на сите нас, истата е одржлива и може да донесе спор развој и напредок на државата.
 
 
2. Ќе почнат ли граѓаните да ги чувствуваат реформите на Владата во позитивна смисла?
Доколку се поврземе сите а со иста цел да не правиме опструкции самите на себе, не чека поголем напредок и позитивно изненадување во Европа ,па и во светот преку индексите кои мерат социјален развој и економски слободи.Јас веќе спомнав дека раст на економијата во Македонија под 3.5 проценти треба да се третира како неуспех.Но за ова да се надмине , сите од нас треба да превземат дополнителна работа во широкиот сет на можности кои го нуди нет технологијата.
 
3. Ќе има ли затвор за политичари за кои има  судска постапка?
Пролетните месеци од март до мај се неповолни за некои политичари од минатиот период и можни се пресуди или почеток на издржување на казни.
 
 
4. Дали идниот претседател е актуелен политичар?
Немам коментар на ова прашање!
 
5. Ќе се намали ли иселувањето?
 
Јас го коментирав ова пред една година, но еве повторно со истиот одговор.Заради затемнувањето во 1999 година и некои специјални астролошки конфигурации, трендот на иселувањето ќе предолжи.Но,погрешно е да се даде политичка конотација дека е предизвикано само од политиката.Далеку поситуирани земји од Македонија се во тренд на миграција.Кина засега интелегентно ги решава проблемите преку нивните „затемнувања“ преку туристички посети на своите граѓани локално и глобално,на времето тоа го правеше и се уште го прави Јапан,па и повеќе земји,а ние треба да одбереме.Или ќе имаме популација која знае што ќе се случува со нејзиниот развој во наредните 10-тина години или истата ќе одбере друг „дом“ ,надвор од мк ,да ги остварува своите основни права за здравје,работа,мир и чиста животна средина.Решение за овој проблем од мој агол на видување е јавно публикуван во раните 90-ти каде е кажано дека младите треба да се охрабрат и да излезат од поголемите градови и да мигрираат на село.Кинезите сакаат да засадат билки на темната страна на месечината, Американците се спремаат за човечки екипаж на Марс ,слично е и со Русија и Индија ,а ние не можеме да да поставиме ортогонална урбанистичка регулациона шема со точен правец на ориентација(север-исток) на „паметни села“ односно градови.Тука е делумно решението околу миграцијата на младите.Со 5г технологијата ова е одржливо можно решение и не треба да доцниме. Треба да се размисли за воведување на акцизи за 5г технологија,но само на фирми кои имплементираат блокчаин работење а се крстовидно поврзани со сите наши соседи.Нормално дека одговор би била можност за најниска цена на 5г во овој дел од Балканот.Ќе повторам,ортогоналната шема и правецот на градба исто така е многу важен!Пред се прецизниот правец исток запад односно север и југ.Тоа дава огромни заштеди во наредните 50-100 години!
 
 
6. Ќе има ли природни катастрофи во Македонија?
Годинава влијанието на Јупитер или Гуру во ведската астрологија е во Скорпија(Вришчика) ,а Шани-Сатурн делува топло-ладно во Стрелец.Во карта на мк тоа се неповолни полиња на зголемени трошоци ,а понекојпат тоа е поврзано и со природни катастрофи.Треба да се внимава во пролетта пред се од излевање на Вардар,Црна и критичните мелорациски системи.Мочурливите места во мк годинава може да пренесат повеќе болест кај животните и луѓето па треба правовремено да се следи и интервенира.Поголем тест за квалитетот на водите е потребен ,а и увозот на хемиски непроверени препарати за земјоделието ,како и сомнителни листи на лекови за граѓанството.Тука доаѓаат и неквалитетни хемикалии(бои,лакови,премази во градежништвото) кои понекојпат трајно создаваат суптилно нарушување на здравјето кај луѓето и животните.Треба да се внимава од пожари , архиви,црковните објекти и музеите нека се пазат од крадци но и од пожар.Вирусни заболувања пред пролетта 2019 и по јуни може да делуваат како на помлада популација,така и на постарите и изнемоштени лица.Заради влијанието на Сатурн врз Близнаците можни засилени распираторни заболувања и срцеви заболувања,посебно јануари до април и после јули 2019.
Симеон интервју што не очекува во 2019 на црна позадина во тренерка
7. 2019-та е година на кој хороскопски знак:
 
На секој знак!
Само лична натална ведска карта може да ви даде одговор Што ве очекува во 2019.Еве на пример еден дел од Близнаците,Биковите Стрелците или Скорпиите може да имаат голем успех но и во нивната група на знаци да има тешки искушенија и да им биде една од полошите години!
Тоа зависи дали поларитетот на Вашиот хороскопски знак  позитивно осцилира со Вашето Име ,со Вашата соба-Вашиот дом, изборот на правец во кој најчесто се движите со жртвите кои ги правите.
Тешко е да се направи генарализирање ,но јас  ќе се обидам на мојата веб https://asvedic.com/ страна да дадам генерална оценка за секој знак но доколку знаете ведскиот знак или подзнак или месечев знак.
Но колку толку да одговорам оние кои имале 5-7 годишен потежок период ги очекува позитивна промена и успех кој може да биде 10,18 и 20 годишен ,но и ова зависи од наталот.Оние кои имале успех во изминатите 7 години ,во зависност од наталната карта може да се соочат со сериозни одлуки и потешкотии.Доколку се даде повеќе од забава кој знак ќе доминира близнаци,рак,девица,скорпија,јарец,водолија и риби но по Ведскиот Џотиш!