Разни видови на подзнаци Лагна прв дел

Комплексноста на ведската астрологија покрај многу други споредби може да се види и преку подзнакот или асцендентот попознат како Лагна.За разлика од западната астрологија,која оперира со еден подзнак,терминот подзнак во Ведската Астрологија е покомплексен.Се користат прецизни термини како Хора Лагна,Гхати Лагна,Сри Лагна итн. кои ги дефинираат попрецизно состојбите на материјалните и нематеријалните нешта во овој универзум,но и во сите останати универзуми.Основна лекција за асцендентот е дека тој ја преставува источната енергетска точка во моментот на раѓање.Во ведската астрологија Источната точка за ардинадиамсите изгрева на секои 24 секунди па имаме 3600 различни раѓања,доколку се надиамсите имаме на секои 48 секунди или 1800 позиции,за шастиамсите имаме на секои 2 минути односно 720 различни натални карти за само еден ден.На ова кога ќе се додаде промената на татвите во референтната точка на набљудување,истата бројка варира плус минус 5 патти или 9000 натални карти.Иако према оваа поделба се знаат машките односно женските раѓања,треба да се помножи двапати,а во некој случај и трипати.тоа се минимум 18000 натални карти со различна лагна за едно деноноќие.Доколку се додаде и бројката на непостоечки натални карти за луѓето(кога не е можно да се родат),ова бројка се зголемува во аналитичкиот дел,но не и во кумулативниот(треба да се извадат неможните раѓања).Како споредба западната астрологија користи за едно деноноќие само 12 подзнаци.Споредете ја сами бројката 12 подзнаци спрема 18000 за едно деноноќние! Ова е само дел од одговорот на прашањето зошто се разликуваат наталните карти,односно хороскопите,на родени во ист ден и час и минути.Тука секундите и местото на раѓање се примарни,како и детали кои треба да се пренесат само на лица кои ќе го зголемат угледот на астрологијата како наука.Еве само еден пример непрецизната прецесијата може да го смени целиот хороскоп,предвидувањата за идните настани,односно среќата или несреќата за родениот.Ваквата непрецизност при раѓање под Шукра накшатрите од 1 степен ,при пресметка на Вимшотари Дашите ги фрла настаните плус или минус до 18 месеци!!!Оттука е јасно зашто ведскиот астролог во делото Прашна Марга говори за влијание на идата и пингалата ,односно шушумната при пресметка на степенот на подзнакот-лагната. 
  
Погрешно е представувањето на подзнакот односно Лагната со источниот хоризонт.Лагна може да се третира во x односно y оската на местото на раѓање(кое референтно е 0 степени),во однос на минималната односно максималната окултација на сонцето,месечината,како и ѕвездените констелации-поточно накшатрите.   
 
Лагна-врв на 1 поле тело,емоции,спиритуалност
 
Хора лагна- материјални добра,финансии,пари,
 
Гхати лагна- сила,потенцијал,
 
Сри Лагна- богатство,имот божица Лакшми
 
Арудха или Арудапада Лагна- илузорна представа на личноста за светотот кој ја опкружува-светот на Маја 
 
Упа пада Лагна-Брак,Брачен партнер,брачна среќа
 
Чандра лагна- Позиција на месечина се разгледува за стапување во брак,но и за емотивни аспекти во периодите од живот
 
Сурја лагна- Силата на родениот,Сатурн во аштака долговечност на татко
 
Инду лагна- имотни права,имот
 
Варнада Лагна -Социјално поврзување и односи
за анализа на точноста на лагната(за семинар напредно ниво)
-проверка на лево и десно и минусирање на степени
поклопено на махеш махариши,ганди,раман... симетрија
 
 
Пака Лагна- Бава/Куќа/Поле каде е поставен владателот на Лагна во Д1 карта(Лагнеша) 
 
 
 

Comments

Подзнак зодијак накшатра суб

Источната точка која се крева во однос на мередијанот на местото на раѓање, се третира во однос на констелациите или поточно накшатрите.Оваа точка дефнира радиус на опсег , а истиот зависи од потребите за анализа.Тоа подразбира сите грахи да се третираат како точки кои имаат влијание,а посебно да се поврзуваат кога се во самбанда позиција.Доколку оваа нивна заемна поставеност е во близина на точката на подзнакот ,силата на пресметка е соодветна на нивниот орбис односно окултација.Субовите или врвовите посебно се третираат во кришнамурти падати системот ,каде нивното влијание се позиционира во хороскопското поле,во накшатрата и во падата од накшатрата.Посебно треба да се истакне дека осцилациите на светлина во поделните карти од Д1 до Д300 ,математички прецизно се пресметуваат ,но мудро треба да се проценува во т.н. санди позиции.Во нивна близина треба да се земат двата квалитети (на поле,накшатра или пада) и да се создаде благо „премостување“ какво влијание пренесуваат на следниот хороскопски знак.Како споредба во мунданата астрологија овие осцилации во природата создаваат благ ветер или торнадо, снег или замрзнат мраз(град) ,дожд или прашина,а посебно треба да се анализира ефектот на земјотрес или гром (молња).Овие случувања имаат подготвителен,активен и со намален интензитет период кој  повторно ја враќа во привидна „рамнотежа“ севкупната природа.