Шарлот Елизабет Дајана принцезата од Кембриџ

мала слика на принцезата од кембриџ Шарлот Елизабет ДајанаШарлот Елизабет Дајана (Charlotte Elizabeth Diana)
напис од 25април 2015
Еве ја причината зошто кралското семејство очекува принова.
Раџа Јога на 4 планети ,зборот раџа значи крал или кралска позиција.Ова е нагласено од аруда,хора,гхати и вигхати подзнаците.Мултиплицирана сила!
Извесно е кратко име кое ќе се користи кусо и со силен акцент на победничка или силна природа УЛ во овен, за лична употреба а најмалку две имиња заради подзнакот близнаци и месечевиот знак Девица кои се двојни знаци при јавни и официјални настапи.
Предлог слогови за името ЛУ МА ДИ ВЕ ВИ ДА
 
Сонце егзалтирано во Овен
Марс во сопствено седиште во Овен
Венера во сопствено седиште во Бик
Јупитер егзалтиран во Рак
Кармичките јазли Раху и Кету(јужен јазел) во свое седиште во Риби
-------------
напис  4-5 мај2015
 
Силен кралски хороскоп!
 
Тоа ветува гламурозност и сјај, хуманитарни активности и спиритуална „вертикала“ најдобри учители, квалитет и талент за разни вештини. Спортскиот натпреварувачки дух , ќе биде вистинско изненадување за најзениот постар брат ,па известувањето кој ќе победува на „детските кралски“ игри ќе потикнуваат девојчиња да се „угледуваат“  на успешната мала принцеза.На моменти повлечено дете , но со „експлозивна“ енергија и „своеглавост“ после 2020 и пред се 2030-2032. Многу материјал за таблоидите и интернет порталите во тој период.Првите тинејџерски емоции ,можат да бидат топ тема во светот!многу грижи околу Кејт но и за Кејт! Сериозен здравствен проблем за баба или дедо во тој период! кралицата елизабета втора по веста за правнука
-------------
Доколкку се погледнат тропските позиции на планетите , (западна)астрологија ниту една планета не е во своето седиште. Доколку се третира астрологијата на основно теоретско ниво , овој период е јасен показател на силата на двата системи
Ведската астрологија јасно ја покажува силата на скоро сите планети, наспроти западната која ниту една ја нема силата на владеење.Тоа подразбира раѓање на позната и афирмирана личност од историски карактер и просечно раѓање доколку на основно ниво ,без аглите на астролошките куќи и подзнакот се третираат двата система. Се разбира дека точниот час и минут може многу работи да промени, но недоволно да се спореди силниот хороскоп преку ведскиот Џотиш систем и просечното раѓање преку западниот тропски систем.
 
Оттука мојата проценка на пријателите да започнат бизнис, да регистрираат фирма во точно дадени денови во април 2015.Оттука и мојата прогноза при крајот на 2014 на македонските телевизии , за раѓање на голема духовна личност во Република Македонија, идниот првосвештеник на македонската православна црква , кој ќе донесе голема светлина и духовна трансформација и преобразба.Оттука во оваа година и посебно во три периода веќе се родиле и ќе се родат деца кои ќе ја прослават Република Македонија , а зависи од најсилната планета-во спортот,образованието,културата итн. 
малата принцеза со Мајка си прва снимка
Убавината на малата принцеза од Кембриџ е преставена преку  човечките знаци : подзнакот Близнаци, месечина во Девица и претходно спомнатите достоинства на планетите кои предодредуваат посебна светлина и несекојдневен блесок  на родената.Одлична пропорција на тело и смирени црти на лице со изразителна фотогеничност , со дозирана ненаметлива „машка енергија преку сонцето во Овен“. Девицата дава крупно тело, но повеќе со спортска градба и нагласено горно торзо.Среќната ѕвезда Читра е со Марсова вибрација, па повторно е нагласена спортската,мускулеста,светло  розикава,боја на телото за  Меша(Овен) ,но Девица дава сивкаста нијанса после младоста.
 
Не е поволно што диспозиторот марс е сместен во 8 поле од месечина како марака(3-8) ,заедно со сонце владател на 12 кое исто така е поле поврзано со престој во болници.Во 2019 кон 2020 овој аспект донесува сериозни проблеми , можен претрпен страв заради здравствена состојба и можен проблем произлезен или поврзан со родителите на Кејт (баби-дедовци). 
Марс во Овен  донесува немирна и пргава природа , љубопитна над просек ,а понекојпат тоа доведува до повреда на глава можеби од лева страна!? Совет за овој неповолен аспект е носење на метални шноли и метални украси(посебно од левата страна) ,кое го „демагнетизираат“ и ставаат во рамнотежа, ова  неповолно влијание на марсова-сонце фрекфенција .Потврда за тоа се џаимини аспектите како и јогини, нарајана,чара дашите,околу 2020 ,како и гочара ефектот.Вимшотари дашата исто дава насока и потврда на овие претпоставки.Сепак ова е брза анализа , лимитирана во однос на посериозна анализа сепак неколку аспекти опоменуваат ,  кралското обезбедување да биде повнимателно ! Заштита за овој период е евентуална промена на простор за живеење во правец север-југ од Лондон-родното место.
 
Татко е преставен со моќните сонце-марс-јупитер-кету веќе спомнати како исклучително силни планетни фрекфенции.Мајката е со послаба поставеност во Д1 како влијание ,во нејзината натална карта , со акцент во Д12 каде ова е делумно ублажено , но со акцент на променливи чуства кога е во прашање однос мајка-ќерка. Во младоста релативно мило и послушно девојче , но подоцна ќе ја загрижува војвотката од Кембриџ , пред се околу 2020 и посебно 2030-2032 кога може да доведе до нетрпеливост и известување за отворено недоразбирање во однос мајка-ќерка.Пред се за нејзиниот избор на пријатели и во љубовта!
Понекојпат Кету во 7 е неповолен за емотивниот статус и доведува , до љубовни каскади и нагли непромислени промени ,а потврда е и од марс во 8 поле.
Доколку се надминат посочените периоди , нејзината  23-24 година(2038-2039) има 2-два потписа за можност на сериозна љубовна врска-брак,а можеби и принова во кралското семејство.Ова е условено ,во зависност од веќе спомнатите неповолни години,каде треба превентивно да се делува.
Д7 карта ја дава 2030-2032 како љубовна афера или бременост но само со еден потпис.Потребни се најмалку три потписи на настаните кои се предвидуваат за да тие бидат детерминирани.Еден потпис дава само потенцијал!2038-2039 година  поврзана е со можна преселба и  патувања низ светот , а би требало духовната вибрација на планетата Јупитер која владее со истокот и северо истокот ,да доведе до незаборавно спиритуално искуство во Ориентот,пред се во Индија и ориентот.
  името на принцезата на обложувалници
Во д3 картата на брат-сестра, јасна е позицијата на карака за брат куџа(марс) , кој е сместен во 3 поле и покажува имање на брат или помал брат(иднина) , но јасна е позицијата на силно поставеното сонце во Лав(Симба) кој дава претпоставка дека малата принцеза  има постар брат,бидејќи сонцето е машка планета сместена во машка позиција(Лав) .Јасно е дека нејзиниот брат има силна харизма и афирмативна популарност,заради Сонцето кое е карака за слава , а во лав ова е школски пример. Оваа претпоставка е потврдена во Д1 каде марс(седиште) и сонцето(егзалтирано) покажуваат  брат кој  има кралски одлики,бидејќи и двете панети се со високо достоинство,но и опкружувањето на сонцето и марс 2и12 поле од овен покажуваат кралско присуство,заради венера во седиште(бик) и кету во седиште во риби.Овој аспект ќе биде забележуван на интернет порталите  за професионална астрологија, но и кај експертите кои ќе пишуваат книга за одредени астролошки аспекти поврзани со популарни лица.
 
скапоцен камен за принцезата Шарлот од Кембриџ е рубин (куџа и сурја на аруда лагна) заради гулика подобро да се постави на платина и дијамант ,евентуално заради познакот близнаци и месечината во Девица смарагд.
Претпоставена фрекфенција на името е поврзана со ЛИ,А,ДИ,ВЕ и треба да се забележи дека само ВЕ отстапува од името кое беше соопштено на јавноста Шарлот Елизабет Дајана(Charlotte Elizabeth Diana ).
Покасно додадени се и слоговите На и Ча или Ша кој се содржат во раѓањето(веднаш не ги пресметав , а јасно се истакнати со раѓањето).Ова доведува до претпоставка да доколку се родело во Македонија девојче во овој период (приближно 8:47 сабајле)имиња кои носат успех се со горните пресметани слогови.
Во наталната карта на принцот од Кембриџ го спомнав името Александар (на мојот син) во контекс на предвидување за името на принцот од Кембриџ и пред да се соопшти името на принцезата, поставив прашна дали ќе биде поврзано и со името на ќерка ми Елена,која исто имаше меркурова фрекфенција на звук како и малата принцеза.По објавувањето на името Елизабет,каде е слогот Ел-Еле-Ели а во зависност од останатите планетни осцилации се потврди дека во знакот девица или близнаци,овој звук е присутен на новородените.Името Елизабета од моите астро бази на податоци се појавуваше со фрекфенција преку планетата меркур во девица или Близнаци и подзнак,сонце или важна планетна карака во овие меркурови знаци.Исто така и името Диана кај нејзината трагично почината баба, ја содржи фрекфенцијата ДИ преку меркур во Близнаци во јути со Сонце.Оваа претпоставка треба посериозно да се анализира да даде правило на звук ,кога се одредува име кое носи успех на новороденче.Астролошки постулат за наталната карта е слог од име кој на родениот му донесува голем успех но и неповолно одбрани слогови со дебилитирана планета или без достоинство донесува проблеми во живот.Ведскиот астролог знае точно да ја одреди фрекфенцијата на името - слогови кои носат успех!
Дел од слоговите за името Елизабета и Диана(но не и за Шарлот) беа напишани пред да се знае името на принцезата и по објавата само слогот ВЕ не се совпаѓаше со планетните вибрации.Ели-за-бет и Ди-ана беа застапени преку планетите.Бидејќи оваа фрекфенција е поврзана со Марс како ѕвезда на раѓање,додавање на слогот ВЕ ќе ја променеше нејзината природа кон машка и независна природа нестрплива природа и можеби неповолно ќе влијаеше на нејзината личност.Останува да се види овој слогот ВЕ , дали ќе и донесе во иднина опкружување на близок пријател-ка или партнер кој има слог во неговото име ВЕ(пример Венс,Вејн,Оливер,Вероник... ), а како рамнотежа на силната Марсова планетна поставеност.Веќе е спомнато дека Марс-Куџа е марака планета.Да не заборавиме дека Ве е поврзано и со Велс , или со бабата Дајана принцезата од Велс! Од Република Македонија најблизок збор е Велес.
  Charlotte Elizabeth Diana  Име планетни фрекфенции:  ЛИ-ЛУ А ДИ ВЕ ДА
 
напис 6 мај 2005 девојче е дисплеј на такси месенџери
Веќе  се појавија одредени шпекулации за нејзиното раѓање дали воопшто се случило на 2мај 2015 ,гледајќи ја свежината на Нејзината мајка Војводката од Кембриџ,одма после породувањето по природен пат како  што соопштија медиумите .Времето на родената принцеза , рано е да се провери со случувања од минатото, па останува дадените предвидувања да дадат подврда , дали го добивме вистинското време на раѓање .Постојат ведски астролошки пресметки  (т.н. Адхана Лагна , кои го даваат приближното време на раѓање кога се знае почетната бременост,но и кај нив можна е грешка од неколку сата до 2-4 дена(метода преку накшатрите).Во ведска астрологија , постојат примери на пресметка со адхана лагна(ПРЕДНАТАЛНА БРЕМЕНОСТ) , прецизна во предвидување за раѓање до минута.Понекојпат со овие пресметки се тестира точноста на прецесијата , доколку се знае денот месецот годината и минутот на зачнување.(Хорашастра )
 

Comments

Малата принцеза Шарлот првите зборови во јавност ПОП или ДА-ДА

Од патувањето на кралкото семејство во Канада ,за првпат во јавноста малата принцеза Шарлот е фотографирана со балони во боја ,а при тоа Британски новински агенции известуваат за нејзиниот прв глас во јавноста.Бидејќи ова е од интерес на ведскиот концепт на пресметки на осцилацијата на звук ,го пренесувам изворно од медиумите дека е употребен гласот ПОП ,а потоа ДА-ДА .Интересен за анализа е вториот двоен ДА звук ,бидејќи во нејзината натална се споменува во осцилација со раѓање меѓу другите и овој звук ДА-ДА.Треба да се спомне дека боите со кои е сликана на оваа нејзина прва изјава за јавноста , одговарааат на нејзините хороскопски знаци.

Подзнакот (Лагна) Близнаци зелена

Сонцето во Овен розева

Месечина во Девица зеленапринцезата Шарлот со татко и држи балон животно во розе и сино зелена