Месечина во водолија
Подзнак-асцендент во стрелец (неректифицирано)
Три човечки знаци,доведуваат до изразување преку актерство реклама и секаков вид на забава со масите.Сонцето и месечината се под тамас влијание,што доведува до своеглавост,непопустливост но и променлив карактер,па нема да биде изненадување нејзината кариера да ја пратат трачеви и папарацо фотки,но и нејзини изјави со критика упатени кон нејзини колеги,новинари и сите оние кои ја ограничуваат слободата на мислење.Ова е „стапица“ за нејзиниот знак,бидејќи успехот и искрените изјави кон јавноста,првично ќе и користат за нејин успех во кариерата,но подоцна можат да се свртат против нејзе.
Моментално е под силно влијание на фрекфенциите на Јупитер ,кој е силно сместен во 9 поле-странци,религиозни заслуги-трикона успех,од месечината е во 7 поле на сојузи и партнерства и патувања,додека од аруда е трикона спремна да даде успех во кариерата поврзана со забава,глума,театар итн.Петтото поле е креативното астро поле,па оттука јупитер е поволен за нејзината кариера.,а како владател на подзнакот Во д10 е највиско поставен,а во Д60 е во егзалтација со аспект на 10 поле.
Годиниве што следат 2015,2016 до 2018 ова влијание и донесува светска слава,за да по 2018-2019 кога ја очекува преселба и блиска емотивна и професионална соработка со лице кое ја минува 6 деценија од живот ,може да ја изненади публиката со сериозни и психолошки улоги кои ќе го покажат нејзиниотталент за секакви улоги.Сепак најзапазена со својата глума може да биде по романтични сценарија,мелодрами или научно фантастични трилери.Јупитер во Скорпија 2018 и одма потоа Јупитер во Стрелец во 2019,може ненадејно да ја кандидираат за престижна филмска награда.
Еве ја нејзината Вимшопак табела за напредните љубители на астрологијата каде може да се види силата на поените,пред се на Јупитер(Гуру) кој има 80 поени(апроксимативно),а во аштакаваргите 32.Тој е катализатор на нејзиниот моментален успех,како владател на 5 и 9 (аруда) и 1,4 и 9(позиција) преку Лагната(подзнакот)
Comments
Шејлин Филмски проекти до 2015
шејлин вудли некаде шајлин вудли
Преведено е различно.Некаде на македонските веб страни се пишува како Шејлин,а на друго место како Шајлин.Како и да е на ова место ќе има новости поврзани со нејзиниот хороскопски знак.