Силно тресење на тлото во Осака Јапан од 6.1 степени по Рихтер

земјотрес осака јапан паднат материјали рушевинаЈапан Силен земјотрес 6.1 рихтер, околу 13 км длабочина нема опасност за цунами бранови

погодени области(областите на Нара ,Кјото, Хиого и Шига) 
20 проценти од светските земјотреси поголеми од 6 рихтерови се лоцираат во Јапан
 
Земјотресот ги погоди областите на Осака во понеделник 18/6/2018 пред 08:00 по локално време (23:00 GMT во неделата).Локалните Тв снимки покажуваат почеток на тресењето во 7:58:40 локално време.
Паѓање на школски ѕид уби деветгодишно девојче кое за време на земјотресто било во своето училиште.Втората жртва е постаро лице исто така погинат од уривање на ѕид.Се јавува дека има и трет настрадан Еден човек во неговите 80-ти години ,починал од уривање на бетонски ѕид во градот Осака ,а повеќе од 200 лица се повредени.
Материјална штета допрва ќе се проценува, а околу 170.000 куќи останале без електрична енергија , а 100.000 домови беа со прекин на испораката на гас (извор - „Јапонско време“)
осака тресење во канцеларија со време на настанот 8 наутро
Возовите се привремено запрени,а неколкумина биле заробени во лифтови (заради ел.прекин),
 
Оваа пригодна непогода го прекина привремено производството на неколку  индустриски области во близина на Осака (Panasonic и Daihatsu).
 
Силата 6.1 по рихтер (локален извор) ,додека УСГС даде намалена магнитуда од 5.3 рихтер.
 
од мојата астро пракса за предвидување на земјотреси ,мислам дека во далечната 1995 беше коректно предвиден силен земјотрес кој ја погоди јапонија (предвиден ден и приближна локација) ,а исто так во 2009 беше предвидуван земјотрес кој се случи.Истиот може да го проследите на овој линк  Предвиден земјпотрес Јапан 2009