зодијак

zodiac.jpgИндиски(сидерален) Западен(тропски) Зодијак

 
 
...текстот е потикнат заради некои дилеми околу хороскопските знаци,а како прашања на некои читатели...
 
 
Џотиш или наука за светлоста божја.
 
 
Зодијак произлегува од латинскиот израз зодион,што слободно може да се преведе како животински круг.Поистоветување на звездените констелаации со животните,а меѓу нив и човекот се сместени во еден замислен обрач по 9 степени од една и друга страна од централната рамнина на Сончевата еклиптика.Овој замислен   појас има почетна точка т.н. Ариес ингрес (нулти степен на Овен),од кој степен се пресметуваат поголемиот број астрономски мерења неопходни за изработка на астролошки мапи.
 Во овој појас сместени се созвездија кои имаат неравномерна поделба(изразена во агловни степени),па затоа е усвоена рамномерна поделба по 30 агловни степени кои сумирани од 12-те зодијачки знаци даваат 360 степени или еден круг.Овие знаци се воздигнуваат на источниот хоризонт по следниот редослед:
 
Најдете ја позицијата на сончевиот знак по индиска астрологија
 
бр.
 
зодијачки
знак
Влез во знакот
западна
Индијско име з.з.
Влез во знакот
индиска
1
Овен
21.3-20.4
Меша
14.4-14.5
2
Бик
21.4-20.5
Вришабха
15.5-14.6
3
Близнаци
21.5-21.6
Митуна
15.6-16.7
4
Рак
22.6-22.7
Катака
17.7-16.8
5
Лав
23.7-22.8
Симбха
17.8-16.9
6
Девица
23.8-22.9
Каниа
17.9-16.10
7
Терезија
23.9-23.10
Тхула
17.10-15.11
8
Скорпија
24.10- 22.11
Вришчика
16.11-15.12
9
Стрелец
23.11-22.12
Данус
16.12-14.1
10
Јарец
23.12-21.01
Макара
15.1-14.2
11
Водолија
21.01-19.02
Кумбха
15.2-15.3
12
Риби
20.02-20.3
Мина
16.3-13.4
 
 
Од табелата се приметува дека западните хороскопски знаци и индиските не почнуваат од ист датум.Тоа подразбира да доколку сте Овен(21.3-20.4)по западна астрологија родени на пример на 25.3,по индиска астрологија вие сте Риба!Тоа значи дека повеќето хороскопски знаци по индиска астрологија можат да го сменат знакот!Од горната табела може сами да проверите каде ви е сончевиот знак по западна и индиска астрологија.
 
*Важно е да се има во предвид дека почетните зодијачки степени и во индиската астрологија се условени од прецесионата дистанца па така е можно одстапување од постоечките астрономски координати кое може да се разликува и повеќе од 22степени во однос на тропската т.н.западна астрологија кој е најзастапена во англосаксонското говорно подрачје.Ова разлика изразена преку денови дава поместување на сите зодијачки знаци на тропската астрологија нанапред за минимум 22 дена.
 
Ова зависи од самата прецесија која не е стандардизирана(од 20 –24степени приближно),така да постојат различни временски прецесии усвоени од определени автори.Индијската влада официјално ја има прифатено Лахири прецесијата.
 
Овие 12 зодијачки поделби(во западната астрологија познати како зодијачки знаци) се сместени по 9 степени испод и над сончевата привидна патека која се нарекува еклиптика(равимарга или апамандала).Оваа патека Сонцето привидно ја поминува за една соларна година и на тој начин се извршува една сончева револуција.Треба да се напомене дека во индиската астрологија главен знак е Месечината,но за истата не може да се изготви малечка табела,како за сонцето бидејќи нејзиното движење е побрзо и во ист датум во годината може да се најде на различна зодијачка позиција.
 
 
Табела:1 Имиња на Зодијачки знаци,владетели и бројна ознака на(владатели)
 
бр.
 
зодијачки
знак
Индијско име з.з.
Планета Владател Западна
Планета Владател
Индиска
1
Овен
Меша
Марс
Куџа
2
Бик
Вришабха
Венера
Шукра
3
Близнаци
Митуна
Меркур
Буда
4
Рак
Катака
Месечина
Чандра
5
Лав
Симбха
Сонце
Сурја
6
Девица
Каниа
Меркур
Буда
7
Терезија
Тхула
Венера
Шукра
8
Скорпија
Вришчика
Марс
Куџа
9
Стрелец
Данус
Јупитер
Гуру
10
Јарец
Макара
Сатурн
Шани
11
Водолија
Кумбха
Сатурн
Шани
12
Риби
Мина
Јупитер
Гуру
 
 
Астрологијата своите корени ги зачнува во раната човекова историја ,а како први почетоци се споменуваат глинените теракоти(таблици) со астрономски забелешки на позицијата на Месечината во географскиот појас околу Вавилон т.н. Сумерско Акадскиот период околу 3200-2000 година п.н.е.Се спомнува Ан(Ану)-бог на небото,Наннар бог на Месецот,Уту-бог на Сонцето и Иннана божицата-Венера.Претпоставките пред овој период за пропаднати цивилизации (Атлантида,континентот Му и сл) повеќе се опишани во преданијата и легендите,отколку да имаме реални астролошки показатели или напишани документи.Сепак особено индијската астрологија има богата ризница на древни астро преданија кои према изворите датираат од пред 5000 години п.н.е.
 Оваа почетна архаична астрологија,се раширува во соседните региони Индија,Кина,Египет и Грција(Македонија) и следствено се развиваат специфични астролошки системи прилагодени на локалните верувања и обичаји како синтеза на практичниот и спиритуалниот начин на разоткривање на тајните на природата.
 *Под спиритуален пат се подразбира астролошко искуство добиено со помош на јога техника ,со која древните Махариши успевале(према преданијата)да ги видат најодалечните небесни тела од таква близина да лесно можеле да ги опишат нивната големина,сјај,одалеченост и други астрономски феномени. Денес се дискутабилни овие астро картографирања од периодот на Варахамихира,Брашкара ,Шри Пати и нивните легендарни претходници,но сепак денес е за чудење прецизноста и минималните отстапувања на астрономските координати,напишани во древните индиски астрономски текстови и на денешните современи астрономски мерења.
Поголема промена индиската астрологија претрпува со влијанијата на Грчката-Македонската астрологија по продорот на Александар Македонски во 327 г. п.н.е(втори век п.н.е до 4 век од н.е),во кој период нагло е прифатен тропскиот концепт ,за да околу 500 година повторно се враќа во употреба традиционалниот сидерален концепт.
 Некои астролошки термини хора(сат),трикона(пето поле),декан(десесети) и сл. се и ден денес во употреба во индијската астрологија.
 
Општите хороскопи , не се прецизни како деталната натална карта.Но доколку сакате да прочитате попрецизни прогнози треба да го знаете вашиот знак по индиската астрологија.Хороскопот можете да го читате и по западна и по индиска,но сепак прогнозите се попрецизни по индиска астрологија.Затоа треба да го знаете Вашиот индиски хороскопски знак.