Злато и црните петоци во декември

Злато анализа 2дел

Шпекулативноста е максимална во деновите 3декември 2011,9декември 2011,и посебно 16декември односно 23до 25декември 2011. Во првиот дел од текстот за merkur_kako_zlaten_budaЗлато беше навестена шпекулативната недела што престои,па многумина кои работат на берзите беа затекнати од побарувачка на доларот,како одговор на гласините за повлекување на златото од Европските банки ,односно банките во Сад(изјава на предс.на Венецуела Уго Чавез за репартиција на 211 тони злато),но и веста за најслабата продажба на германските обврзници што ги загрижи економските аналитичари ,кои потоа предвидуваат сериозни економски реперкусии за евро зоната односно да се зголеми должничката криза во Европа во самиот економски центар. Ваква состојба за слаб одзив за купување(очекувани 6 милијарди евра,продадни само 3.6 милијарди, силната економија на Германија немала уште од самиот почеток на Еврото како заедничка европска валута.Замислете дека овие вести се најактуелни денови,а текстот за злато е објавен на 14 ноември 2011 каде е навестено за шпекулативната недела на берзите

извор 

мала анализа за љубителите на ведската астрологија

Тоа се четири периоди (погоре наведените денови) ,каде планетните фрекфенции забрзано делуваат,пред се заради средните точки сатурн сонце и квадратот на марс на 3-те фиксни зодијачки полиња.На ова треба да се надополни и привидниот зодијачкиот триаголник меша,симба и дхана ,кои ги активираат кшатриските фрекфенции на брзо делување,од една страна а владеат со претходниот огнен тригон.Односно Марс(Куџа) во Лав(Симба),владее со Овен(Меша),тука е Јупитер(Гуру) кој владее со Стрелец(Дхана),каде што е Сонце(Сурја) кој владее со Лав(симба) и е затворен така наречениот огнен тригон со изменети седишта на нивните владатели.Ваков аспект на небото е редок и оттука случувањата ќе бидат нестабилност на берзите на метали како и односот на конвертибилните валути.

Кога имаме тројни измени на владатели моќните инвеститори имаат шпекулативен план да заработат преку внесување немир односно контролирана паника преку информационите медиуми,земајќи во предвид дека имаме Вакра(ретроградност) на меркур(буда) до средината на декември и Јупитер(брихапати) кој исто така е ретрограден.Ретроградноста е тамас влијание(незнаење) и истото е максимално во декември,се додека меркур не прејде во положба на полнење (стационирана),за да кога ќе прејде во директно движење(гледано од земјата),создаде зголемена  работа за брокерите со метали,но и за новинарите печатени односно електронски.

продолжува...