Злато

На почеток на 2011 година во кусо обраќање на телевизија Алфа дадов предвидување за раст на цената на златото во есенскиот период септември-октомври 2011.Еве златото повторно во деновиве што следуваат, ќе биде шпекулативно котирано на берзите.Тоа се должи заради влијанието на планетата Марс во полето на Лав кој владее со Златото,а во аспект на 90 степени(квадрат),во однос на водениот фиксен хороскопски(зодијачки) знак на Скорпијата.

 Во Скорпијата моментно транзитираат Венера(скапоцени работи),Северниот јазел(изненадувања од странци)- Раху и Меркур (трговија,пресметки-математика,шпекулативност),а за неколку дена се приклучува и Сонцето.

Во ведската астрологија,скорпијата владее со златната боја(и со црвена и црна),па оттука може да се предвиди пораст на златото и надминување на границата од 1800 долари за унца.

Периодот после 21 ноември 2011 е вовед во нестабилна берзанска недела и шпекулативно работење на берзите со метали.Ваквиот тренд ,може да се задржи со мали осцилации до крајот на јануари-почеток на фебруари.Но,средината и крајот на фебруари-кон март 2012 овој аспект радикално ослабува,а тоа подразбира повторен пораст, односно пад  во графиконот на златото.Во периодот што следи подетална анализа.