Еден од најсилните земјотреси во 2014 Чиле 8 рихтер

Еден од најсилните земјотреси годинава 8 по Рихтеровата скала-проследено со цунами бранови во Чиле.
Очеуван земјотресен ден на 1април годинава ,ја раздвижи тектониката на Назка плочата - Латинска америка и  предизвикал магнитуда од 7 рихтерови степени,еден од најсилните годинава. 
Земјотрес со поголема магнитуда 8,0 степени рихтер го погодил крајбрежјето на Чиле ,а епицентарот е во близина Iquique.Се јавува за појава на  цунами и следува предупредување за сите во овој регион на пацификот-извор 

изглед на распадната зграда по катастралниот земјотрес во Чиле 8 рихтер

Американскиот Геолошки Институт. Спрема УСГС локацијата е на длабочина од 10 км и на приближно 86 км северо-западно од рударската зона Икуике(Iquique).
Властите во Чиле наредија итна евакуација во северното крајбрежје на земјата а забележани цунами бранови високи преку 6 метри.Бранови високи од 2 метри веќе удираат во градовите од северот на крајбрежјето.
На 16 март 2014(годинава) регистрирани се повеќе земјотреси во близина на овој регион со највисока магнитуда од 6.7 по Рихтер.Денешниов земјотрес предизвикал цунами од неколку минути,па до неколку  часа до најодалечените делови на брегот.Чилеанските власти одма издале аларм во моментот откако мерните инструменти отскокнале преку 7.9 по рихтер.кординирано предупредување е упатено и до жителите и патниците на бреговите на Перу, Костарика , Колумбија, Панама, Еквадор и Никарагва .
 
 датум                         лат/лонгит             маг                  место
1906/08/17 00:40 -    33.0 -72.0              8.2              Valparaiso, Chile
1922/11/11 04:32 -    28.553 -70.755    8.5              Chile-Argentina Border
1943/04/06 16:07 -    30.75 -72.0           8.2               Coquimbo, Chile
1960/05/22 19:11 -    38.29 -73.05         9.5             Chile
1985/03/03 22:47 -    33.135 -71.871    8.0             Valparaiso, Chile
1995/07/30 05:11 -    23.340 -70.294    8.0            Northern Chile
2010/02/27 06:34 -    35.846 -72.719    8.8             Maule, Chile
 
најсилни земјотреси во регијата на Чиле (латинска америка)
На 27 февруари 2010 година во 6:34 часот (локално), централниот и јужниот дел на Чиле беа зафатени од силен земјотрес(8,8 степени по Рихтер) кои предизвикаа цунами ,кој опусте десетици градови.
Земјотреснио трагичен биланс е повеќе од 500 мртви и околу 30 милијарди амерички долари материјална штета(патишта,мостови,живеалишта)
Најсилниот земјотрес кој е забележан на Планетата Земја(регистриран), е во  Чиле - со магнитуда 9.5 земјотрес во 22 мај1960 година 19:11 часот(локално) во кој бројот на човечки жртви достигна повеќе од 5.000 луѓе.
AttachmentSize
eq-chile.jpg60.59 KB
zemjotres-8stepeni-po-rihter-chile.jpg80.8 KB
zemjotres-8stepeni-po-rihter-chile2.jpg80.8 KB
najsilni-zemjotresi-posle-2000-godina-preku-8-rihter.jpg84.57 KB

Comments

земјотресот во чиле корегиран на 8.2 по рихтер

По првичните информации од УСГ (америчкиот институт за природни непогоди) ја корегира информацијата од 8.0 по Рихтер на 8.2.Властите во Чиле ги прогласија двете северни регии  за елементарна непогода (од 8.2 земјотрес),биланс шест починати,десетици илјади повредени.Чиле се судрува на границата помеѓу Наска и Јужна Америчката тектонска плоча. Овие се огромни плочи површината на Земјата, кои се поместуваат една кон друга од приближно 80mm на годишно ниво.На овој начин оваа регија во светот е потенцирана за силни земјотреси кои во минатото се случувале,а предвидувања се дека и во иднина се очекуваат високи магнитуди на овој дел од Латинска Америка.

земјотрес во чиле податок за корекција од 8.0 на 8.2 по рихтер

USGS објави уште два

USGS објави уште два земјотресни удари во Чиле.Едниот со магнитуда од 6.5 во 1ч58 и другиот со магнитуда 7.6 по рихтер 19 км одалечен од Икуике .Ова се т.н. афтершокови кои се во ретката група поголеми од 6.5 рихтерови степени.