Мексико земјотрес 8.1 рихтер еднаш во 100 години

Очекуван силен земјотрес во Мексико после соларната еклипса
мапа на мексико со епицентар од 8.1 на најсилниот земјотрес за 100 години
Осум степен земјотрес во Мексико
 
 По известувањето на Геолошкиот американски институт (УСГС) епицентарот на земјотресот бил во областа регион Чиапас на: 
 
8 септември 2017 во 04:49:21 UTC 
87км Југо-Западно од Pijijiapan,Мексико 
локација: латитуда 15.068°N   лонгитуда 93.715°W ± 9.5 км
длабочина: од 69,7 километри  ± 4.2 км
 
При крај на 2016 на новинарско прашање, што не очекува во 2017 на мундано поле ,јавно на медиум се предвидуваше земјотрес поголем од  7 степени по рихтер ,за појасот на западниот брег на САД во линија кон Мексико.Ова предвидување беше дадено ,заради соларното затемнување во САД на 21 август 2017 ,а истото беше топ тема во САД и светот.
      Моето искуство со предвидување на земјотресите ,датира од 1993 година ,кога за првпат е прецизно предвиден земјотрес соопштен во јавноста.Оттогаш, евидентирани се најмалку 10 тина предвидени земјотреси со приближна локација,место и време,а не се сметаат објавени 50-тина каде е предвиден периодот и магнитудата ,но не е дадена локација.Говориме за магнитуда преку 6.5 степени по рихтер.
 
Еве за жал уште една потврда како соларните затемнувања ,ја менуваат статиката на геолошките слоеви(блокови) што резултираше со силен земјотрес од 8 степени по рихтер на јужниот дел на Мексико.Новинските агенции веќе ја пренесуваат веста за човечки загуби(најмалку 26 лица) , а тек допрва ќе се проценува за материјалните штети.Силата на оваа магнитуда предизвика цунами (1.7метар) ,па дадена е и тревога за внимателност на целото крајбрежје.
Јас го очекував овој земјотрес и ги анализирав податоците кои беа објавувани, во линијата од сан андреас раседот ,до централна америка и се забележуваше невообичаената сеизмика на југот на мексико ,каде во деновите на зголемена небесна статика ,тлото цело време беше со магнитуда од 4.5 степени по рихтер.Буквално цело време! Тоа значеше само едно.разрушени делови по земјотресот во мексико 2017
Небесната статика предизвикана со соларното затемнување , ги притисна земјишните слоеви(блокови) и ги раздвижи со континиирани земјотреси од 4.5 степени од рихтер, за да завршница на ова влијание се испорача силна земјотресна резултанта ,која во жариштето е со големина од преку 8 степени по рихтер.Нешто слично како ефект го почувствуваа и граѓаните на Охридскиот регион со континуирано тресење близу 3-5 степени по рихтер , за да силен земјотрес го погоди Егејот. Ова соларно затемнување во САД допринесе за засилени урагани ,па сликата е комплетна на ова влијание бидејќи уште од времето на колекционерот на мундани астро закони прочуениот астролог Варахамихира .Во неговата позната Брихат Самхита ,дадени се овие закони и како тие влијаат на луѓето и целата природа.
 
 по соларната еклипса се случија:
 поплави во САД
 пожари во САД
 најсилен земјотрес кој го погоди Мексико во изминати 100 години од 8 степени во близина на САД
 три урагана Ирма,Катја,Хозе во ист период
 -Предупредување центар за цунами до јавноста дека цунами бранови може да удрат во рок од три часа во близина на бреговите на Мексико, Гватемала, Панама, Ел Салвадор, Костарика, Никарагва, Хондурас, па дури и одалечениот од епицентарот на земјотресот Еквадор.
 
 
 Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието со изјава ,дека за изминативе 100 години овој е најсилниот земјотрес кој го погодил Мексико.Неговата првична изјава за јавноста беше дека најмалку три лица починале во Чиапас(граничи со Гватемала) и две во Тобаско.
  
 -Се јавува за повеќе потреси, т.н афтер шокови од кои четири се со јачина од над 5,0 по рихтер.
 
 
 НХЦ ги следи ураганот Ирма, во моментов кај Куба, Хозе, во близина на Малите Антили, и Катја преку југозападниот Мексикански Залив
светкање на небото над мексико пред земјотресот 2017
 Локалните вести во Мексико јавуваат за зелено светло на небото пред земјотресот, кое на небото се гледа како светкава светлина која наликува на молња.Истите се се познати како "земјотрес светла" ,а најчесто се појавуваат пред геолошките раседи и се движат во патеката на земјотрес.
 Објаснувањето е дека триењето на плочите произведува електрично празнење ,кое се манифестира како молња или карактеристично светло на небото.Геолозите пренесуваат дека овој природен феномен се јавува понекојпат, кај земјотреси поголеми од 5 степени по рихтер.Ваквите светла се опишани пред стотици години во спомнатата Брихат Самхита од Варахамихира.

Comments

афтер шок од 7.1 степени 5 километри од Рабосо,Мексико

Силниот земјотрес на 8 септември кој го погоди Мексико , денес испорача афтер шок со магнитуда од 7.1 степени по Рихтер.За жал овој земјотрес има најмалку 216 жртви ,а епицентарот е на 5 километри исток -северо-исток од Рабосо(Сан Хуан).Се јавува за неколку срушени згради,а на удар биле изложени државните области на Пуебла,Мексико и Морелос.Првата информација за 248 погинати е корегирана.Само во пропаднатото основното училиште во Мексико сити се пронајдени 22 тела. 

дополна на изјава

Бројот на жртви се искачи на 90 ,а уште е потрага по исчезнати лица.Ова неповолно влијание предизвикано од земјотресот е комбинирано и со ураганот Катја,