Планетните транзитни влијанија во 2018

Календарскиот почеток на 2018 е за брзо време ,па повод да се дадат поважните влијанија преку планетните осцилации.Веднаш треба да се истакне влијанието на Шани или Сатурн во зодијачкото поле на Стрелецот ,па оттука трансформација ќе биде насочена кон религиозните заедници кои во периодот 2018 до јануари 2020 ,треба да очекуваат големи внатрешни промени, реорганизации и поделби а бидејќи Сатурн е тамас планета(споро суптилно менување), може да се очекува намалување на влијанието на најдуховните-спиритуалните лидери во религиозните заедници и доаѓање на млади свештеници,кои ќе бидат здружени со постари(околу 6 децении и повеќе )„тамасични-со незнаење“ ,отколку со сатва(доблест).Оттука е неповолен ефектот на спиритуален и религиозен план во светот, па и кај нас и во нашето опкружување. Поволниот ефект доколку се побара преку влијанието на Јупитер(Гуру во ведскиот Џотиш) , кој ќе донесе промоција на длабоко сокриено знаење ,ќе се откријат реликвии и записи кои го чекале „вистинското време“.Но овој ефект е во третата -четвртина од 2018 односно после октомври месец , 2018. До крајот на септември Јупитер е во полето на Терезија ,а како што се најави и минатата година за есенскиот период ,неговото влијание се очекуваше преку правдата и правосудните органи.Ова влијание сите го видовме во изминатиов период.Причината е едноставна транзитот на Јупитер во септември 2017 навлезе во полето на Терезија ,а сите бевме сведоци како истото се одрази на судскиот процеси кои во овој период првен се „начнаа“ крај септември до октомври ,за да во ноември следеше масовна интервенција на обвинети за т.н. крвав четврток ,односно немилите настани од 27 април 2017 ,по кои Република Македонија беше тема и на известување на странските медиуми во светот.Ова влијание на Јупитер во Терезија привршува до октомври 2018 ,за да потоа(октомври-декември) полека помине во знакот на Скорпија ,па треба да се внимава да не биде насочено кон лица кои професијата им е поврзана  со правдата и судството.Тука треба да се споменат и агенции за обезбедување,професионални војници ,полиција и службите на внатрешни работи ,а ова влијание е неповолно и кај некои политичари.Поволното влијание на Јупитер е кај научните работници ,кај дел од естрадните ѕвезди и спортисти , кај професии кои тргуваат со медикаменти и хемиски средства(бои,отрови,лекови,итн).Марс скоро цела година транзитира во четвртина од зодијакот ,односно од скорпија(јануари),стрелец(март-април),потоа до октомври 2018 е во знакот на Јарец каде е истакнат,бидејќи тоа е место на негова егзалтација,за да по ноември 2018 брзо го напушти првен полето на водолија(Кумбха) ,а потоа и при крај на декември 2018 навлезе во Риби(мина).Затоа ова негово влијание е комбинирано,најпрво е помалку насилно и деструктивно но прочистувачко, потоа „ветувачко“ за подобро утре и делумно позитивно,за да во најголем дел од година,после мај-јули 2018 не разбуди сите од сон и делумно „освестени“ до ноември да побараме одговор на повеќе наши внатрешни прашања! Потоа може да се претпостави дека брзиот негов транзит најпрво во Водолија ,за да потоа во Риби донесе интелектуални разногласија и дебати во јавноста ,кои повеќе ќе внесат конфузија отколку да дадат брзо решение. Сепак треба да се истакне дека Марс(Куџа во ведската астрологија) донесува и до револуционерни можни решенија(ноември-декември), но кои јавноста не ќе може или да ги разбере или да ги препознае од разните мислења за решавање на наши економско-политички потешкотии.

Следува подетална анализа за Република Македонија и за светот во наредниот  период , проверете ги во наредниот период линковите подоле за сите зодијачки односно хороскопски знаци.Следува прогноза за 2018 односно каква година треба да се очекувате преку Вашиот хороскопски знак .

13април до 13мај                     овен-меша
14мај до 14јуни бик-вришаба
14јуни до 16јули близнаци-митуна
16јули до 16август рак-карка
16август до 16септември лав-симба
16септември до 16октомври девица-канија
16октомври до 15ноември терезија-тула
15ноември до 15декември скорпија-вришчика
15декември до 13јануари стрелец-дхана
13јануари до 12фебруари јарец-макара
12фебруари до 14март водолија-кумба
14март до 13април риби-мина