Верица Пандиловска Девица Овен Рак

Верица Пандилоска е родена под влијание на месечината во променливиот земјен знак на Девица или по индиски Канија,додека среќната ѕвезда на раѓање е Хаста - чиј владател е Месечината.Нејзинатата популарност се должи на Сонцето егзалтирано во Овен, кое е високо на  небото(10 поле- кое кореспондира со јавноста и дава слава!
Хаста среќната ѕвезда на Верица 
Да се биде насмеан,да се шири ,да се биде весел,да се биде отворен,радост,да потикнува други,да има,да даде дозвола,да се осигура,да биде надлежен ,власт ,контрола да се надвиши ,да се престигне,да се стимулира,да се изработуваат ситни предмети,ракопис-калиграфија,да се потпишува,да покажува тело,да дава живот,да делува со аналитички ум,боја-зелена и жолта
верица пандиловска подзнак рак месечина девица сонце во овен
 
Месечина   Девица
Сонце  Овен
Подзнак Рак
   
                 Трудољубивост,Упорност ,Емотивност!
 
Психологија  
 
Месечевиот знак Канија ,кај Верица е поврзан со исклучителна работна способност и издржливост,а потребата од работа пред се е уживање и задоволство.Способност за детали,грациозност и перфекција од една страна(месечина),но и луцидност и „појавна“ егзалтираност од друга, преку нејзиниот сончев знак во Овен.Во нејзината натална карта е нагласен кардиналниот елемент, преку амбициозното Сонце поставено во знакот на Овен,а тоа дава медиумска популарност,кога е во овој огнен зодијачки знак каде е неговата егзалтација.Така да имаме спој на практична аналитичност од Месечината во Девица,но и кардинална пробојност и „рокерски“ можности на овенот кој се истакнува со специфичен „продорен“ глас, лидерство и пионерски потфати во професијата која се одбира!Во случајот на Верица се советува да се даде акцент на рок балади или песни кои „тивко разоруваат“ со силни чувства бидејќи ,тогаш ќе биде најуспешна и најслушана!Ќе тежнее кон луксуз,брзина и блесок,а пријателите кои се искрени секојпат ќе најдат „простор“ во нејзиното секојдневие! Нејзината истрајна природа ,ќе тежнее да доминира,да се движи и да соработува со ралични професии,а не се исклучува и нејзин ангажман кај политичките партии(при изборни митинзи за пратеници,градоначалници и сл.),бидејќи Сонцето во осмо поле од месечината дава ваква можност!
 
 
Во нејзината натална карта покрај Сонцето(преку 260 поени во Шадбалата која ја мери силата на планетите) ,со исклучителна сила е кармичкиот јазел Раху кој е место на своето владеење во Д9(договори),а силно е поставен во Д10(кариера)каде е егзалтиран!Неговото влијание е нагло и проследено со брзи и неочекувани успеси кои можат да ја изненадат публиката кога најмалку очекува!Покрај ова влијание се истакнува силната Венера,која редовно се појавува во наталните карти кај музичките ѕвезди,а нејзината сила е во Рашито(Д1 карта),Навамсата(Д9) и Дасамсата (Д10).Аналогно на ова ,преку Венера се изразува на уметнички план и сигурно е дека транзитот на венера секојпат ќе детерминира успех во нејзината карта!Тоа подразбира секојпат пролетта да е поволен период за договори,промоции и сл.кога оваа планета „поминува“ низ зодијакот на риби и бик каде нејзиното влијание е позитивно!Марс кој е јога карака за подзнакот на Верица- Рак,е силно егзалтиран во навамсата(договори,партнери, публика)и допринесува да има „благослов“ и среќни околности во нејзината кариера.Јупитер е во 7 поле и ги нагласува деловните партнери кои се странци(надвор од Тетово),но и покажува дека нејзиниот животен сопатник нема да биде роден во Тетово,а неговата професија може да е поврзана со патување.Оваа претпоставка е можна од 2004 јуни до 2006 кога транзитот на Јупитер е во тригон од Јупитер во наталната карта ,но истовремено  и во картата за брак д9! Можна е и преселба!
Оваа, 2004 година за Верица е година на промени!Промените ќе се почувствуваат преку новиот имиџ,соработка со странци ,нов музички проект и нов договор или аранжман во музичка куќа до крајот на 2006. Како заштита и поволност за овој период се советува ,носење на жолт сафир или топаз,вграден во златен прстен на показалецот земен во четврток,кога расте Месечината.Доколку навремено реагира на понудите за соработка со странци(надвор од Тетово) и се „координира“ према истите,годинава е развојна за нејзе,и ветува успешен период и материјална сатисфакција следната година!Нека внимава во овие 2години во млади и полни месечини пролет и есен. 
 
Периоди на успех во кариерата:
 
март-април 2004  промотивно и договорно поволен,емотивно нагласен
јуни јул 2004  јавен успех,искачување на топ листа ,медиски гостувања 
 
јули-декември2005 висок музички пласман
април2006
после јуни до декември 2007 
2011-2012 и е пресвртна година (проблеми со емоции!!!)
но,после пролетта 2012 зенит во кариера до 2015
 
наталната карта е изработена пред 10-тина година и објавена во Ина магазин
 
 
AttachmentSize
ina_br.24_astrologija_simeon_atanasoski_verica_pandiloska.doc16.68 KB