Електромагнетноста и предвидување земјотрес

За време на Европската геолошка унија(EGU) конвенцијата која се одржа во во Виена на 9 април, рускиот научник Алексеј Рјубушин изјавил дека Јапонија ќе се соочи со огромен земјотрес со магнитуда 9,0 рамките на следната година и половина.Овие предвидувања на Алексеј Ryubushin,биле дадени преку анализа на збир на податоци за ниска фреквенција 
сеизмички активност(бучава) преку Ф-нет сеизмографска мрежа во јапонија.Третирани се деформациите на кристалната решетка на тлото,кои преку нивна анализа може да се предвиди како работи земјата пред и по земјотрес.
 
За време на конвенцијата одржана во Австрија,Алексеј го истакнал своето мислење дека се уште постои стресна состојба на Земјината кора по Тохоку земјотресот ВО 2011 година. Сепак, тој предвидува следниот земјотресот ќе се одржи во друга локација.Се наведува регионот на Nankai,а кој се протега по должината на дното на морето од Shizuoka да Кјушу.
Русија се повеќе активни во развојот земјотрес предвидување технологија од 2012 година, и пред се соработката со Твинсат(TwinSat) од Велика Британија со помош на сателитска и земјини мрежни станици се надева дека може точно да се предвиди земјотрес.посебно се третира раното ДЕТЕКТИРАЊЕ на фини варијации на Земјиното електромагнетно поле во орбитата.
На TwinSat проект се очекува да биде завршен до 2018 година и со пристигнатите податоци се очекува дека ќе се влезе во нова ера на точни земјотресни предвидувања.
 
 
мој коментар:
 
  1. Анализа на промената на електромагнетноста на кристалната решетка на земјиното тло,е коментирана пред неколку години и секако треба да се инвестира во ова поле за рана детекција на земјотреси.Нашите сеизмолози и геолози треба што поскоро да вложат во истражување на ова поле,доколку се земе во предвид дека за некоја година технологијата и информациите ќе станат подостапни и поефтини, па треба да се припремат за времето кое пристига.
  2. Сепак по мое искуство од ведската астрологија да дополнам дека земјотресната формула е посложена за предвидување на земјотресите со помала магнитуда отколку за посилните,па за Република Македонија поважно е испитување на електромагнетната промена на кристалната решетка за регионите до иранското плато и јужниот дел на Италија како и северна Африка,а тоа се Евроазијската плоча,Анатолијската микроплоча и африканската тектонска плоча.Навремено поврзување и инвестирање во соработка со оваа регија е важно,доколку се земе во предвид дека сателитските податоци во иднина ќе даваат проценка за можен земјотрес со отстапување од неколку месеци до неколку недели,а нас примарно не интересираат најблиските промени на електромагнетноста.
       
 На повеќе наврати на овој сајт и во јавноста(медии) е истакнувано дека Ведската астрологија е втемелена на електромагнетноста на светлината и како истата влиајае на скоро сите процеси во светот и во човекот.Моето искуство за земјотреси говори за предвидување на денови,а не на години како моментално е во светот. За да се предвиди земјотрес е слично како да се предвиди и прогноза какво време не очекува.Доколку не се третираат силите во космосот како ја менуваат небесната статика и како истата резултира на земјата,далеку сме од прецизна прогноза на времето и земјотресите.Науката полека се доближува до формулите кои ведската астрологија ги поседува со векови,а кои „научниците“ не се подготвени да ги прифатат
 
.Само да спомнам компаративно,
 
Европа пред ренесансот броела на прсти,а векови наназад регијата околу индија и арабскиот дел преметувале милионски цифри на локалните пазари.
 
Астролошките пресметки тогаш и денес изгледаат „неверојатно“,имајќи во предвид дека ја познавале прецесијата и точно ја пресметувале за разни пригоди и потреби!
Како да се коментира за субатомските електромагнетни промени за кои Ведската астрологија има формули и сите процеси ги третира во единствен систем,а денешната наука ги „расцепкува“ во разни науки наместо да ги спои во единствен систем ,а потоа се обидува да даде прогноза какво време не очекува или дали за 2-3 или 5 години е можен земјотрес во некоја област во светот.Слабоста на денешната наука е што плодовите од нејзината работа се корпорациски компании,а не самите граѓани,бидејќи истата е расцепкана и недоволно координирана.
Ведската астрологија го нема проблемот на научна „расцепканост“ ,бидејќи влијанието на светлината божја го третира во сите системи пред да даде некаква прогноза.Оттука таа е референтна да одговори на повеќе,прашања за кои денешните некординирани и расцепкани научни работници, засега се многу далеку од науката за предвидување на процеси поврзани со севкупната природа.Јас сум убеден дека денешниот научник кој ја изучил ведската астрологија,своето стручно знаење го издигнува со квалитет над неговите колеги.Но за ова во некој друг пост.