Европскиот парламент го врати стариот режим на сметање на времето

часовник со натпис март и 2021Летно сметање на времето укинато од ЕУ Парламентот
 
Самите земји на Еу се задолжуваат да одлучат дали ќе го укинат летниот и зимскиот временскиот режим на корекција на часовниците.Ваквата одлука е подржана од 74 проценти ЕУ парламентарци ,со препорака индивидуалните членки на ЕУ ,сами да се изјаснат и да ја применат оваа „временска одлука“ , со почеток од 2021 година.Нашата земја треба соодветно да се произнесе по ова прашање правовремено,за да се усогласи со ЕУ легислативите и координациите на разните потреби на функционирање на сите процеси во државата.
 
За астрологијата тоа значи и родените по 2021(доколку се прифатат промените) ,ќе треба да се пресметуваат наталните карти без промена на два сати временска разлика при летното сметање на времето ,односно враќање на 1 сат во зимското време.
 
Ваквиот режим во Македонија се користеше од 1983 и сите родени во и по 1983 година треба да си ги проверат своите подзнаци,доколку се родени во период март-октомври.
Доколку сакате да проверите дали дали сте родени период за промена на времето повеќе на линкот: промена на време и астрологија   
 
По жалбите и поплаките на здруженија и граѓани дека мал е „бенефитот“ од летно сметање на времето(заштеда,струја,одмор,..) ,се анкетираа граѓани во САД и Европа ,но резултати не го оправдаа ова мислење. Напротив во САД истражувањата говорат спротивно, дека летниот режим на промена на времето ги зголемил инцидентите во сообраќај.
 
 
цитирано извор преземен од Национална библиотека на медицина на САД:
 
Национален институт за здравство
 
„Забележано е дека има значително зголемување на бројот на сообраќајни незгоди во пролетната смена во ДСТ поради загуба од 1 час спиење. Но, дополнителниот час добиен во текот на ноќта со промена од DST во есента, варијабилно се пријавува дека е поврзан со зголемувања и намалување на бројот на сообраќајни незгоди кои може да се одразат или од однесувањето на одложена или продолжена вечер пред промената или од користа на дополнителен сон по промената.“
 
ДСТ Летно сметање на времето(дневно стандардно време за САД) Во Европа имаме ГМТ,ЦЕТ,ЕЕТ итн.
 
 
Финално мислење на комисијата за здравје е дека лишувањето на сон(спиење) во понеделникот по преминувањето во летно сметање во пролетта ,доведува до мало зголемување на фаталните несреќи во сообраќај.Исто така се резултатите и за есенскиот период кои за нијанса кажуваат на зголемени инциденти и сообраќајки. (пролет t = 1,92, P = 0,034) Факторот за есенски период P <0.002 Иако е мал процент ,не е занемарлив на поголема популација. 
 
Доколку се земе и тоа што денес паметните технологии се повеќе го координираат одвивањето на сообраќајот ,а индустриските машини денес од мобилен телефон, се координираат во кој временски режим да работат, јасно е зашто само по себе ова временско психолошко и пред се физичко влијание за човекот е неисплатливо.Освен можеби крајните делови на државите околу северниот и јужниот пол ,кои би требале да имаат према мене сопствено, специфично прилагодено за нив време.