Сузана Спасовска

натална карта на Сузана Спасовска
објавена 2004 од Симеон Атанасоски
сузана-спасовска-натална-карта-2003
        Месечина   Водолија
        Сонце Лав
        Подзнак Рак
         Џотиш –Индиска астрологија
 
                     Човечност,Блесок ,Емотивност!
 
Сузана Спасовска е родена под влијание на месечината во фиксниот воздушен знак на Водолија или по индиски Кумбха,додека среќната ѕвезда на раѓање е Сатабиша- чиј владател е кармичкиот јазел Раху.Нејзинатата популарност се должи на Сонцето во сопственото владеење сместено во знакот на Лав!
 
Сатабиша среќната ѕвезда на Сузана 
 
Митолошки Сатабиша се поврзува со западното владеење и водените простори.Во себе има исцелителско влијание и ги открива спиритуалните потенцијали.Независна ,либерална и отворена природа,понекојпат ги сокрива своите идеи за успех!Да се покрие,да заштитува послаби,да пречи ,да задоцнува,да ограничува,да контролира,да прекинува,да сослушува,да испитува и да откажува,да омаловажува,да ги открива лагите и вистините кај луѓето,без љубомора и посесивност и моќ на внатрешна контола,едноставност,
 
Лоши особини на родените под Сатабиша се повремена мрзливост,признанијата на колегите се омаловажуваат доколку се незаслужени,спрема расположението обврските се пролонгираат, создава  „тивко“ непријателство од тие кои ја респектираат нејзината работа(!) ,непопустливост кога е на „свој“ терен-сака да ги убедува другите,пркос
 
Психологија  
 
Месечевиот знак Кумбха-Водолија ,кај Сузана е поврзана со
човечки особини,натпреварувачки дух-да се биде прв и најдобар во полето на професијата.
Водолијата е знак кој донесува „револуции“ и промени во полето кој го одбрал за професија,а сигурно дека Сузана Спасовска меѓу првите внесе новини со своите директни и смели настапи во естрадниот дел на фолкот.
Водолиите како знак секојпат се„опседнати“ со успехот но и не сакаат да трпат наметнувања и ограничувања во полето на професијата.Кога не ги ценат нивните оригинални идеи во состојба се „бесконечно“ да спорат со другите, се додека не ги исцрпат сите можни аргументи и не си го кажат своето!Но,понекојпат забораваат на критиката која ја упатуваат на најблиските соработници,дека може да биде погрешно протолкувана и да придонесе за одолговлекување на работата.Во тоа што го работи тежнее кон 100 % сигурност!Нејзините колеги треба да знаат дека тоа е добронамерно и дека немаат „задни“ мисли ,туку само сака да се увери дека секој детал од работата е оптимизиран! Најдобро соработува со ведрите расположени луѓе,кои имаат чувство за хумор(не се лутат),а посебно ги цени професионалците-од кои може нешто ново да се научи!Чувствата кај Водолијата како знак,повеќе тежнеат кон пријателски дружби,интелектуални разговори ,но и потреба да се споделува искуственото и да се истражува!Отворени се за соработка ,а кога се среќни ја изненадуваат околината и наликуваат на „мали деца“!Но,затоа весело е во нивна придружба!Бидејќи се фиксен знак имаат вродена потреба повеќе да слушаат,а помалку да говорат.Но,кога отворат уста.... 
 
Подзнакот во индиската астрологија(Лагна) кај ,
Сузана е во емотивниот знак Рак(Карка во Џотишот),додека владателот на подзнакот Месечината е во Водолија,заедно со силниот Сатурн кој се јавува во најсилната своја позиција како мулатрикона сместен во почетните степени на Водолија.Јогакарака планетата марс е ослабена во главната карта(Д1),но затоа е во спој со музикалната Венера во Близнаци,а во навамсата(Д1), Марс е силно поставен во своето седиште во Овен!Во хороскопската карта која е поврзана со кариерата д-10 Марс е вонредно силен-егзалтиран е во Јарец и има паривартана јога со Сатурн.Нејзиниот сончев знак е Девица во западниот зодијак,но во индиската астрологија тоа е Лав.Оттука нејзината потреба да го привлече вниманието кон себе (што не е својсвено за Девицата),да се покаже да танцува,да развеселува и да го сподели расположението кон масите преку песна.Сонцето од Месечината е во 7 поле,што директно покажува на успех надвор од родното место(Скопје) и се советува да стапи во контакт со странец(роден надвор од Скопје),кој сигурно ќе допринесе за нејзин успех и продолжеток на успешната музичка кариера!Можно е во новиот период кој стартува до крајот на 2004 да биде вовед во промени на емотивен но и деловен план.Тоа значи дека ќе биде забележана во јавноста со новите музички проекти ,а постои можност за за сопствен менаџмент,продукциска куќа за млади таленти или слично до крајот на 2006 година.
Меркур како планетна фрекфенција е поврзана со младите,подучуваење и пренесување на искуството ,а кај Сузана тој само што не тргнал во „акција“.Значи може сите да очекуваме новини во нејзината работа,а може да се надева на успех доколку се поврзе со кофинансиер странец.
Успесите на професионално поле во наредните години и се поврзани со месеците мај до јуни и после август и секојпат при крајот на годината во месеците ноември декември!Се советува во ови месеци да ги планира своите активности и скоро е сигурно дека би имала професионален успех.Треба да одмара во при крајот на јули и посебно во февруар-март, период кога се можни потешкотии,одолговле кувања и ситни здравствени проблеми.
 
успеси
од мај до јун 2004
октомври –декември 2004
декември 2005 
од 2008 до 2011 успешен период преку помлади преку помлади
 
AttachmentSize
ina_br.25_astrologija_simeon_atanasoski_suzana_spasovska.doc18.43 KB