Хороскоп за родени од 14мај до 14јуни

Вришаба-Бик 14.5-14.6 Вашиот хороскопски знак по Индиска астрологија западен индиски

април 13, - мај 14 Овен Меша

мај 14, - јун 14 Бик Вришаба

јун 14, - јул 16 Близнаци Митхуна

јул 16, - август16 Рак Карка

Август 16, - септември16 Лав Симба

септември 16, - октомври16 Девица Канија

октомври 16, - ноември 15 Терезија Тхула

ноември 15, - декември15 Скорпија Вришчика

декември 15, - јануари 13 Стрелец Дханус

јануари 13, - февруари 12 Јарец Макара

февруари 12, - март 14 Водолија Кумба

март 14, - април 13 Риби Мина

 

 

Сонце во БИК (14.мај до 14јуни) Имате стрплив и комфорен однос кон пријателите,со убав глас и појавност,а вашиот успех започнува во средината на животот.Добри сте како трговец со парфеми,ткаенини и прехрамбени продукти.Верноста и лојалниот однос е карактеристика за знакот,па оттука имате постојани и истрајни особини. Доколку во младоста научите некаков музички инструмент за употреба,истиот ќе ви користи за дополнително заработување.Се поседува талент и умеење за пеење,музика и игра,танцување. Потекнувате од добро семејство кое изградуваа стабилен систем на вредности.Таткото е најчесто почитуван и угледен човек.Љубовта ви е неопходна за да успеете во животот. Се задоволувате со малку, а способен сте да создавате многу.Љубовта која несебично им ја давате на верните пријатели ви помага да се издвои од другите со својот успех. Однесувањето вам е споро,стабилно и сигурно. Вашите деца ќе се здобијат со солидно образование и заради вашате родителска љубов најчесто се успешни.Едно од децата може да има посебна наклонетост кон уметност или филигрански занаети.Треба да внимавате на здравјато на постарото дете доколку е машко. Жена Вришаба Жената родена во знакот Вришаба ќе обработува земја (цветна градина, бавча,оранжерија),ќе биде мила,едноставна и ќе се согласува со мислењето на пријателите.Многу и треба да се налути но кога ќе се случи,подобро е да сте подалеку од неа. Ќе тежнее секогаш да ги угости и да даде максимум внимание на пријателите и во нејзиниот дом ќе се чувствувате заштитено и пријатно.Пристојност и одмереност се нејзините квалитети,во младоста е романтична,а во староста практична и грижлива за помладите.Се покорува на вољата на мажот,ги извршува зададените обврски и е посакуван партнер за брачен однос.Вешта е во уредување на домот,каде доаѓа до израз нејзината уметничка дарба. Здравје: Можни проблеми со лицето(алергии,отоци),вратниот предел,уши ,а понекојпат дава заболувања на очите.Треба да се обрне внимание на тироидната жлезда ,доколку во семејната генетика Ваш близок имал проблеми со истата.

 

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Месечина во Вришаба умерена природа,добро воспитување,посед на уметнички ракотворби,слики,предмети.Дава деца и внуци и посветеност на домот и сопругот.Посетува свети места. Знакот Вришаба е поделен на 3 дела 11.5-25.5Критика-раздразнетост,гнев,расправија-спорење,подоцна порекнување,малку роднини со кои се одржуваат релации,флегматик-рамнодушна природа,слабо тело 24.5-7.6 Рохини-убаво и привлечно тело,енергична,активна и вредна,чиста,нежна и невина природа,со обзир и обврска кон родителите,имотна и дава машко и женско дете 7.6.-21.6 Мригаширша – почит и респект за другите,мил говор со тенденција да се договорат нови средби,користи орнаменти (украси)во домот,одличен готвач- пријатна и вкусна храна,префинета облека,дава синови,милосрдие и религиозна природа

 

Атанасоски Симеон ВЕДИК