Соларен годишен хороскоп или Таџика Систем Иташала Јога

 
Tajika систем -Таџика систем-Годишен хороскоп
 
Ithasala Јога -Иташала Јога 
 
Се употребува при изработка на годишен хороскоп.Оваа јога е во групата на поволни планетни конфигурации и донесува поволни односно неповолни резултати,а во зависност од планетните степени,забрзувања,аспекти и позиционирања.Се пресметуваат сите основни 7 планети без кармичките јазли ,односно северниот и јужниот 
 
месечев јазел.
 
Основно правило:
1.Брзата планета со степен пред поспората.
2.Диптанш агловна разлика
 
објаснување:
Потребно е да се видат 2 планети кои градат Иташала јога,односно дали имаме т.н. апликационен аспект брзата планета е пред спората во лонгитуда.Влијанието на месечината е првостепено ,бидејќи таа е со најголема брзина на основно ниво од 7 грахи(планети во слободен превод-или точки на дејства) ,односно доколку се најде на помал степен во зодијакот од останатите планети.Овој систем се користи во западната астрологија, иако не се знае вистинскиот извор на неговите почетоци.
 
Аспектите кои се користат се слични на западната тропска астрологија, посебно на традиционалната астрологија.
Посебно важен астролошки термин е Диптанш односно агловната разлика(орбис на планетите), потребен да 2 планети градат аспект на јога.
 
Диптанш
 
Сонце - 15 агловни степени
Месечината - 12 агловни степени
Марс - 8 агловни степени
Меркур - од 7 агловни степени
Јупитер - 9 агловни степени
Венера - 7 агловни степени
Сатурн - 9 агловни степени 
Раху -не гради аспект
Кету-не гради аспект
 
Заклучување односно предвидување се дава со проценка на:
 
-брзина на планета
-владател на 4,7 и 10 како и посебно позиционирањето во овие полиња(една од друга) дава лоши резултати
-владател на 3,5 и 9(една од друга)  доведува до позитивни ефекти