Ведски систем за предвидување аштакаварга сарваштакаварга

Аштакаварга и Сарваштакаварга 
 
Која е важноста на Аштакаварга во астрологијата? 
 
Maharshi Parasara. Тој вели: "Ако во Раши Кундалито има поголем број на Рекха во 11 тото поле, од оние во 10 тото поле ,а има помал број на Рекха во 12-тото поле од бројот во 11-тото,додека Лагна има најголемиот број на Рекха ,родениот ќе биде богат и ќе ужива во секакви удобности и комфор-луксуз "
 
Цел засебен астролошки концепт со предиктивни можности.Засебен како што преставува Џаимини,Парашари,Бригу Нади или Кришнамурти падати системот. Првиот впечаток ,откако ќе се пресметаат поените(рекха) за секоја планета и подзнакот(лагна) , дека поедноставен концепт во астрологијата не сте забележале. Се се сведува на броење со математички операции кои се учат во основно училиште.
Но кога подлабоко ќе навлезете во концептот на законите на аштака и сарваштакаварга останувате збунети, како е можно во некои примери на натални карти , со едноставни и брзи ментални калкулации ,веднаш да одредите година на болест(смрт) ,година на брак или развод,да одредите поволни години за дипломирање или почеток на работа ,брак и сл. Овој астро концепт за првпат, го тестирав во почеток на 90-те ,и беше монотоно да се бројат разни позиции на планетите една од друга ,за да дојдете до поволни и неповолни поени во секој зодијачки знак. Потоа, редовно го применував овој систем ,но ретко се потпирав на финален заклучок или предвидување. Повеќе истражував и барав само потврда дали овие закони функционираат.Иако редовно овој систем допринесуваше да се донесе финалниот заклучок и давање на предвидување, ретко се осмелував да се потпрам исклучиво на него ,без да погледнам,гочара, варга или даша (без разлика дали парашара или кришнамурти падати).
Потешкотиите на егзактна примена на аштакаварга бала(сила) и сарваштакаварга системот во Џотиш е податокот што понекојпат лонгитудите на планетите ,даваат ист број на поени (приближно )на едниот и другиот хороскопски знак.Тоа е голем проблем! Само еден бинду или рекха поен(така се викаат овие точки) разлика, може да даде неколку години некоректно предвидување! Мудриот астролог ,треба да пристапи што повеќе кон компаративна анализа на најблиските врвови на знаците или лонгитудите на планетите и да интерполира 2-3 можни претпоставени решенија со аштакаварги. Проверката преку транзитите за време на настан од минатото ,на пример поврзан со брат или татко, вработување и сл. треба со систем на елиминација да се прифати односно отфрли. Ваквиот пристап е поврзан со точноста на времето на раѓање ,а понекојпат и неколку минути овие позитивни односно негативни поени ги фрла надвор од точниот хороскоп.
 
Аштакаварга и Сарваштакаварга 
 
Правила од општ карактер кои треба да се модифицираат према соодветна натална позиција
помалку од 25 поени неповолни активности случувања,болест,загуба,доцнење,спорови итн 
просечни 25-28 поени неутрални резултати кои одат кон напредок или назадување во зависност од тековниот транзит,на 12 и 2 поле од поените
повеќе од 28-30 поени очекување на поволни резултати и напредок