Плава Месечина на Скопје Република Македонија

 Станува збор за првата „сина Месечина“ по март 2010 година, а на следната ќе треба да чекаме дури до јули 2015 година. Бидејќи полна Месечина се случува еднаш на секои 29 дена, а еден месец може да има максимум 31 ден, комбинацијата е ретка и се случува еднаш на околу 2,5 години.

За жал не можеме да очекуваме Месечината да добие друга боја. Ако до петок не се случи ерупција на вулкан, таа ќе остане бела како и секогаш, освен ако облаците не ја затемнат глетката. Ако се случи ерупција на вулкан, Месечината може да биде обоена во различна боја, бидејќи е познато дека пепелта на небото игра визуелни трикови со Сонцето и Месечината.

Кога еруптирал вулканот Кракатоа во Индонезија во 1883 година и пепелта достигна до горните слоеви на атмосферата, луѓето полни две години Сонцето и Месечината ги гледале во други бои.