Силно невреме од тајфунот на Хокаидо Јапан

tajfun na hokaido 2016

Хокаидо по тајфунот-Полицијата ги нашла во петокот телата на двајца мажи кои се водеа за исчезнати на најсеверниот главниот остров Хокаидо и уште неколку тела во административната област Ивате, откако силниот тајфун, помина претходнота недела. Билансот на жртвите е зголемен на 14 лица, но овој број на жртвите ,може и понатака да се зголеми.Во тек е операција на пребарување, за повеќе лица кои се водат за исчезнати. Додека Јапонија често е погодена од тајфуни, „Lionrock“ е прв од ваков вид откако се води евиденција од 1951год. , кој ја погоди северната област на земјата. Во Iwate, околу 1.100 луѓе остануваат заробени вклучително и во градот Iwaizumi, каде се пронајдени девет тела во старечки дом. Од локалната влада се известува дека повеќето од нив се стари и изнемоштени лица, кои живееле во старски дом. Поплавите најтешко се осетија во Iwaizumi,каде околу 740 жители ги принуди да се евакуираат од своите домови.Глетките се паднати и дрвја и големи наноси кал, штети на патиштата поради свлечишта , а има и блокирани пруги од паднати дрвја. По голема штета во Хокаидо и во регионот Тохоку на северниот дел од Јапонија, , министерот за внатрешни работи Sanae Takaichi, на прес-конференција изјави дека ќе побара од сите општини нивните планови за спречување на катастрофи подобро да ги подготват за идните природни несреќи. Во меѓувреме, уште еден тајфун, се приближува на регионот Амами во областа Кагошима и во  јужниот Кјушу, и во југозападниот дел на Јапонија, од сабота кон недела и се советува на превземање заштитни мерки, во близина на областа Кјушу, издаде соопштение метеоролошки Јапонската агенција .sliki so posledici od tajfunot koj ja pogodi japonija