Шрила Прабхупада духовно предавање за влијание на кармата

Шрила Прабхупад и маха мантра Харе Кришна

Предавање на SB 1.15.49 - Лос Анџелес, 26 декември 1973 година Шрила Прабхупада
 
Секој се прави важен: "Јас знам, јас знам сè, и затоа нема потреба да одиш кај гуру(учител)". Ова е метода како ,да се пријде кон гуру, духовен учител: предај се, „Јас знам толку многу работи кои се бескорисни.Сега со љубезност те молам да ме научиш“.Тоа се вика предаденост. Како што рече Арџуна, śiṣyas te 'haṁ śādhi māṁ prapannam (Багавад Гита 2.7). Кога Кришна и Арџуна имаа аргументска-расправа и откако ситуацијата не беше решена, Арџуна му се предаде на Кришна: „Мој драг Кришна ние сега збориме како пријатели.Но нема повеќе пријателски разговор.Јас те прифаќам како свој духовен учител.Те молам научи ме ,што е мојата должност“ Toa e Бхагавад-гита. Значи човек мора да научи.
tad vijñānārthaṁ sa gurum evābhigacchet samit-pāṇiḥ śrotriyam brahma-niṣṭham [Мundak Упанишад 1.2.12].
Тоа е ведска инструкција,
Што е вредност на животот?
Како се менува?
Како се селиме од еден тело во друго?
Кој сум јас?
Дали сум јас ова тело или нешто повеќе?
Такви прашања треба да се прашаат. Тоа е човечкиот живот. Athāto brahma jijñāsā. Такво прашање треба да се постави. И во оваа кали-југa, без никакво знаење, без никакви прашања, без духовен учител, без ниту една книга, секој е Бог. Тој е сè. За да се случи, рај за будали.
Тоа нема да ви помогне.Овде, о Видури ... Тој исто ... viduro 'pi parityajya prabhāse deham ātmanaḥ kṛṣṇāveśena tac-cittaḥ pitṛbhiḥ sva-kṣayaṁ yayau (СБ 1.15.49) Тој ... Говорев за Видура. Видура беше Јамараџа. И свето лице беше доведено пред Јамараџа да добие казна. И светецот го прашала Јамараџа, да: "Јас сум ... јас не се сеќавам дека сум направил грев во својот живот. За што сум доведен тука да ми суди?" Јас Јамараја рече: "Ти не се сеќаваш. Во вашето детство пробивте една мравка со игла преку ректум, и таа умре.И затоа треба да бидеш казнет".Само видете. Во детството, од незнаење, затоа што направил еден грев, мора да биде казнет сега. А ние доброволно, сме против принципот на религијата "Не убиј", ние отвораме толку илјадници кланици,давајќи глупава бесмислена теорија дека животните немаат душа. Забележете само каков абсурд. Тоа е реалноста. А ние сакаме да имаме мир.
 
Јама или Yamarāja (Јамараџа) , е бог на смртта, поврзан е со јужниот правец и подземјето Извор од Вишну Пурана , пренесува дека неговите родители се Surya (богот на сонцето) и Sandhya(Сандја), ќерка на Vishvakarma(Вишвакарма) .Во хиндуизмомот таа е негова сопруга и името е Саранју или Саранја,Саранија итн.Таа е мајка на ревант и близнаците Ашвини.Првата накшатра во зодијакот е доделена на Ашвини-божјите лекари.Јамараџа уште се нарекува Локапала или тој кој ги чува насоките (правците). Во Ведските списи ,за Јама се вели дека е првиот смртен кој починал.Така се здобил со предност да владее со сите кои по него починуваат.Затоа ќе се најде и како владател на Питриите или нашите татковци.
Терминот Дармараџа "Dharmaraja" е подоцна влезен во разни будистички школи и е присатен во будистичката митологија на Источна Азија и Тибет.