Избегнат сериозен авионски инцидент

турбуленција и авион над атлантик

Четиринаесет лица, меѓу кои три деца, се повредени во прекуокеански лет UA-880 на авионот Boeing 767-300 со 207 патници, после "сериозни и неочекувани турбуленции". Дванаесет патници и двајца членови на екипажот биле однесени во болница од Шенон аеродромот наутро 07:00 ГМТ .Со посериозна повреда задржана е една стјуардеса , додека останатите се пуштени. Овој инцидент принудно го сменил летот на Јунајтед Ерлајнс , кој се движел од Хјустон, Тексас, во правец за Лондон (аеродром-Хитроу) ,за да принудно сврти и слета кон аеродромот Шенон , во округот Клер -Република Ирска. Повредите се со модрици и набиеници,како и мали повреди на главата ,па може да се претпостави ,дека избегнат е сериозен инцидент. Портпаролот на авиокомпанијата изјави:

"Преживеавме тешки и неочекувани турбуленции". "Четиринаесет клиенти и две стјуардеси биле пренесени во локалната болница. Ние сакаме овие патници и членови на екипажот брзо да закрепнат од нивните повреди. "

avionot boing 767-300 po prinudnoto sletuvanje vo irska