неповолни денови во почеток на август

Периодот од 4 до 9 август 2009 е неповолен ,а тоа ќе се забележи по ударните телевизиски вести за неповолни случувања во светот.Можна е несреќа на воздухопловно средство (авион,хеликоптер, и сл.),а неповолен е периодот и во земниот сообраќај.Ова предвидување е за светот,но делумно ќе се почувствуваат кај нас за некои родени.Се советува да се избегнуваат гужви,метежи(во сообраќај) и да се биде внимателен доколку се ракува со опасен алат(опасни занимања).Во овие денови проверете ја опремата автомобилот и сл. ,а доколку сте во посочената негативна група во двомесечниот хороскоп  се советува да бидете повнимателни.

Сепак во 2месечниот хороскоп дадена е и позитивна група,за кои овој период може да им донесе успех во повеќе полиња.Кај некои во љубовта,за други професионално признание,кај некои материјална добивка или патување и сл.Тоа зависи од деталната натална карта,но сепак глобално може да бидат од помош и дадените совети.