Сатурн учител

3 мајмуни астрологија

Во табелата 1 најдете го Вашиот хороскопски знак и вертикално побарајте ја бројката поврзана со година од минатото, сегашноста или иднината.Прочитајте како да го подобрите квалитетот во Вашиот живот, надминувајќи ја психолошката неповолност која е предизвикана од планетата Сатурн. За некои од вас ваквата состојба се уште не е дојдена, корисно е сега да ја видите, за да во иднина ја дочекате подготвени. Ова е општата слика, а во зависност од наталната карта ова влијание се менунува.Бидејќи  влијанието го чувствуваат 70% од родените, информациите за заштита се како бисери кои ја надминуваат неповолноста.
Точната положба за овој период зависи од деталната натална карта.Сепак,  вашата сегашна положба можете да ја пронајдете испраќајќи смс порака на тел: 078 310992,одбирајќи натална карта по индиска астрологија.Овој период од животот се јавува кај секој човек,па подобро е навреме да знаете како да се заштитите од него.
Можете и да испратите порака за дневен хороскоп ,месечен хороскоп  или годишен хороскоп на мејл на atan@t-home.mk во кој ќе ги напишете Вашите податоци на раѓање.Цената зависи од квалитетот и времето за испорачување.
 

 

Прва фаза: НЕ СЛУШАМ
broj1
 
 
Првата фаза на саде сати, навестува здравствени проблеми  во зависност од знакот, но со акцент на кардиваскуларниот систем. Личноста ја губи ориентираноста на свесно ниво , го губи респектот кон помладите и постарите и како последичен ефект, доаѓа до загуба на пријателите. Настанува промена во говорот (комуникацијата) со непоредната околина, поточно разумниот и смирен говор се преобразува во агресивен, вулгарен и непристоен.Првата саде сати- фаза се препознава со оддалечување од блиските пријатели, кои можат да Ви укажат на пропустите, но Вие немате уши да ги слушнете, слично како во приказната за тројцата мајмуни, кои не слушаат, не гледаат и не зборуваат.
Најблиските не можат да ја препознаат Вашата промена и изненадени се од Вашиот игнораторски однос кон нивното мислење. Најпрвин пријателски Ве советуваат, а кога ќе видат дека нивните зборови не допираат до Вас(не слушање), Ве напуштаат или се оддалечуваат, препуштајќи му на времето да Ве промени. Вашето Его е силно изразено и Вие мислите дека сами можете да ги решавате животните потешкотии, без да побарате помош.Но и да ја побарате, тоа го правите на недоличен начин, па повеќето луѓе Ви го вртат грбот. Така, Вашите пријатели сега стануваат Ваши непријатели, кои ви упатуваат негативна мисла која Ве блокира во сите активности. На полето на работата се повеќе негодувате и склони сте на расправии и опортуни ставови, па како резултат на тоа, доаѓа до почетни деловни потешкотии, а придобивките се намалуваат. Плодовите и финансиските ефекти од работата ги стекнувате со многу напор и со макотрпна работа, но и покрај тоа, тие не се многу значајни. Почнувате да умислувате дека другите се завериле против Вас и  полека се дистанцирате и самоизолирате. Станувате посебични со его на непопустливост.
 
....следуваат останатите сосотојби на промена