астро поглед Развод на Бред Пит и Анџелина Џоли

група на познати глумци анџелина џоли бред пит марион котилардЧесто пати на клиентите кои порачале натална карта (ведски индиски стил)кај мене им посочувам дека двајца може да се запознаат во најдобар период во нивниот живот, но после во зависност од складноста на нивните хороскопски знаци да западнат во сериозна криза и да бидат збунети што им се случува.Некои велат , „ама јас треба да сум складен знак со мојот сопруг,јас сум бик тој е јарец “...или друг пар скорпија девица ,близнаци стрелец ...итн. Основно правило во ведската астрологија е дека кусорочно(неколку години) ,скоро секој знак може во младоста да биде привлечен и заљубен ,но доколку влезе непромислено во брак ,кога подобро ќе го запознае партнерот,може да се разочара и да се прашува-„Каде е грешката во љубовта меѓу нив?“ Каде згрешивме? Зошто се изгуби страста и љубовта?

Во моментов топ вестите од светот на јавниот живот е разводот помеѓу светски познати филмски ѕвезди Бред Пит и Анџелина Џоли. ...и доколку со „брз поглед“се анализираат хороскопските знаци по западната(тропска астрологија) ,тие треба да се во склад-Анџелина Џоли месечина во Овен(експлозивна,шегобијна,брза,авантурист,продорна...) ,а Бред Стрелец (динамичен,директен,позитивен,спиритуален....). Но...во ведската астрологија складот на месечевите знаци кој е основа за емотивен и брачен живот ,кај нив двајца е спротивен односно нескладен. Подзнакот и сонцето и останатите планети се важни како и периодот од живот ,но доколку нема склад на емотивниот живот(месечина) врската со тек на време се распаѓа. ведска џотиш карта јужен стил бред питведска натална анџелина џоли јужен стил

по ведска астрологија: Бред Пит покрај месечината има стелиум на планети во Стрелец ,па нагласена е брза продорна и динамична личност со акцент на освојувач , но на „куси патеки“ и неможност да задржи долготрајна врска ,доколку е обврзан со договор-брак. Посебно е неповолен и периодот во неговиот живот, навлезен во почетен Саде сати период ,а кој подразбира големи промени на емотивно,професионално и здравствено поле.Почетокот на овој период личноста го менува говорот кој од мил и позитивен ,се претвора во груб и егоцентричен ,а на моменти и агресивен и нападен.Стари книги за ведска астрологија кажуваат дека од најблиските и пријателите создава непријатели,а самиот се опкружува со нови непознати лица кои треба да го компензираат неговото верување, дека „Тој е во право“ .Тоа подразбира влегување во период каде таблоидите, ќе пишуваат „сешто“ за неговиот приватен живот, посебно во периодот после 2018-2019 година.

Кус збор е ќе бидат изненадени неговите фанови од големата негова промена.Нема да биде изненадување тужба кон новинари па и јавни личности , кои ќе гледаат да профитираат од неговиот бурен живот во наредниот период.Филмски улоги од кои може да извлече максимум се драми ,можеби трилери. Анџелина Џоли има Бик и Риби и јасна е разликата на нивните знаци.Бикот е посесивен и „толерантно“ љубоморен ,но кога ќе се преминат сите мерки кажува „Доста беше...“ и завзема тврдоглав и непроменлив став за да го заштити семејството. Проблемот на нивната врска во прв план е во различниот поларитет Бред ,Огон(нагласен Стрелец) ,а Анџелина земја (сонце во Бик) и вода(Месечина во Риби) ,а тоа подразбира огнот ја гаси водата и ја „гори земјата“ и обратно „земјата- водата“ на Анџелина го гаси огнот. Школски пример преку астролошките елементи(татви) ,како двајца не може долгорочно да функционираат заедно ,а се покажа во дело со нивниот развод годинава(2016). Анџелина доколку ја поврати својата духовна и здравствена состојба во периодот што следи,може да се очекува враќање на старите води на нејзината популарност, бидејќи активно е нејзиното сонце кое има зголемена сила во Д-60 картата. Но одговорот на ова прашање е кармата од минатиот живот со татко и Џон Војт Риби(месечина подзнак) и Стрелец (Сонце) , која е моментално активна во максимум во нејзиниот живот.Можеби татковото сонце во стрелец допринело да бара компензација во љубовта и бракот со Бред Пит(сонце во стрелец) ,но тоа не функционира во астрологијата. Неприфаќењето со љубов кон својот татко , ќе и донесе здравствени проблеми и разочарувања ,а прифаќањето со љубов и донесува мир и голем напредок во кариерата.Сатурновото влијание ќе го почувствуваат двајцата сега „екс брачни партнери“ во месеците октомври-декември и март-јуни , кога сатурн неповолно осцилира на емотивен план кај двајцата.Кај Бред ова влијание е засилено и понегативно , па нема да биде изненадување менување на неговиот имиџ во јавноста.Првата и последната недела од октомври и посебно ноември 2016 ,медиумите ќе известуваат нашироко за оваа негова промена.

ведска џотиш карт марион котилард

Во медиумите се спомна и француската филмска мега ѕвезда Марион Котијар Котлард(Рак-месечина Девица-сонце подзнак - лав) ,дека е причината за љубомората на Анџелина Џоли. Марион е во „невенчан брак“ (долга врска скоро 10 години) со францускиот режисер и актер Гијом Канет-Месечина Рак ,Сонце во Риби подзнак Девица( и со него го има петгодишниот син Марсеј.).Доколку се видат нивните месечини кои се во складен поларитет вода ,може да се претпостави зошто се во врска 10 години и го чекаат второто дете. Марион се огласи со демант на инстаграм дека имала љубовна афера со Бред , додека течела нивната соработка во филмот „Allied“ кој премиерно стартуваше неделава со трејлер најава.Таа потврди дека е бремена и со својот партнер го Гијом Канет го очекува второ бебе во декември 2016. нејзината изјава го покажува нејзиниот емотивниот однос кон семејството , која може една месечина во Рак(Марион) да ја негува и заслужува да се пренесе кон јавноста

цитирам: „Ова ќе биде мојата прва и единствена реакција на виорот вести што избувна пред 24 часа и дека сум бил вплеткана во тоа. Јас не сум навикната да коментирам вакви работи, ниту ги сфаќаат сериозно, но бидејќи оваа ситуација е незапирлива и влијае на луѓето што ги сакам, морам да проговорам. Прво, пред многу години, го сретнав човекот на мојот живот, таткото на нашиот син и на бебето коешто го очекуваме. Тој е мојата љубов, мојот најдобар пријател, единствениот кој ми треба. Второ на оние, кои посочија дека јас сум уништена, многу сум ви благодарна. А на сите медиуми и „хејтери“ кои брзаа да донесат пресуда, искрено ви посакувам брзо закрепнување. И на крај, моја голема желба е Анџелина и Бред, кои јас длабоко ги почитувам, дека ќе најдат мир во овој многу турбулентен момент. Со сета моја љубов, Марион.“.

Comments

податоци по години Анџелина Џоли

-Додека Пит(стрелец) и Џоли(риби) се венчаа во 2014 година, нивниот однос беше предмет на шпекулации во 2004 година, кога глумеше во филмот "Г-дин и г-ѓа Смит". Во тоа време, Пит беше во брак со актерката Џенифер Анистон лагна Терезија ,Сонце во Јарец(Макара) и месечина во Стрелец(Дхана).
-Во јануари 2005 година, развод на Бред Пит и Џенифер Анистон
-Во април 2005 година, се појавија фотографии на Пит, Анџелина Џоли и нејзината посвоен син Медокс во Кенија.
 
-Во почетокот на 2006 година Анџелина Џоли ја посвојува ќерка Захара од Етиопија и  таа најави дека таа и Пит очекуваат бебе. 
-Во 2006 Пит се здобива со право на законско посвојување на Медокс и Захара
-Во мај 2006 година нивната ќерка Шила е родена  
-Во март 2007 година син Пакс е усвоен од Виетнам
-во јули 2008 година Џоли ги раѓа близнаците Вивиен и Нокс
-во 2013 година Бред Пит ја подржува Џоли , кога таа беше подложена на оперативен зафат - превентивна двојна мастектомија. Овој зафат следи по откривањето дека таа носи мутиран ген BRCA1 ,со зголемен ризик за рак
Џоли во тоа време изјави: „Моите доктори проценува дека имав 87 проценти ризик од рак на дојка и 50 отсто на ризикот од рак на јајниците иако ризикот е различен во случај на секоја жена“
 
-Во 2014 година тие биле во брак во една мала, приватна церемонија во капелата во Шато Miraval во селото Correns.
 
-во 2015  Џоли повторно на насловните страници за нејзиното здравје кога таа оперативно ги отстрани нејзините јајниците и јајцеводите за да се заштитат од рак.
 
-2016 развод со Бред Пит