Пулицерова Награда 2014 и Едвард Сноуден

Во специјална телевизиска емисија во декември 2013 на прашањето Која е најпопуларната личност во светот за 2013 година, мојот одговор беше Едвард Сноуден.Откривање на тајните околу прислушкувањето на повеќе земји во светот,неговото пребегнување во Русија и промените во светот кои зафатија повеќе земји(пред и по Сноуден ),беше доволно да се кандидира за ово место.Еве и во 2014 ,деновиве е потврдено неговото влијание врз медиумите и светот,преку добивањето на престижната Пулицеровата награда (златен медал за јавни услуги) кој го доделува Универзитетот Колумбија за најпрестижната награда во новинарството.Наградата е доделена на Гардијан и Вашингтон Пост ,за откривањето на тајно следење и надзор на информации од страна на НСА(Националната агенција за безбедност). 

пулицерова златна монета

Едвард Сноуден се обрати на јавноста преку соопштение на 14 март 2014, со кое повикува дека јавниот сектор треба да има пристап и влијание на владините институции.Преку овие информации се создаде јавно мислење за соодветна рамнотежа помеѓу приватноста и националната безбедност на државите.
 
цитирам:
"Ние им должиме на напорите кои ги вложуваат храбрите новинарите и нивните колеги, кои ги обелоденуваат (чуваат)информации и одолеваат на вонредни заплашување, вклучувајќи ги и изнудени уништувања на новинарски материјали, несоодветно користење на законите против тероризмот, и толку многу други средства за притисок за да се се натераат да се окажат.
Едвард Сноуден црно бела со профил и анфасТој продолжи: "Оваа одлука не потсетува дека она што ниту еден поединец со својата совест ,не може да изврши промени, слободниот печат го може тоа. Моите напори би биле бесмислени без посветеноста, страст, и вештината на овие весници, и тие имаат мојата благодарност и почитување за нивната извонредна услуга на нашето општество. Нивната работа ни донесе подобра иднина и поодговорно демократија. "
Во понеделникот редакциите на Гардијан и Вашингтон Пост ја прославија наградата , десет месеци по објавување на новинарското досие прислушување.Некои аналитичари го оценуваат овој настан како „шлаканица“ на администрацијата на Обама,но по мое мислење Едвард Сноуден нема „бонитетна шаховска фигура“ туку успешно ја одигра „пион-улогата“ на одредени интересни групи во САД и Светот.
Сноуден заедно со Лора Поитрес Бартон Гелман Глен Гринвалд пулицер 2014
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
новинарите :
Глен Гринвалд , кои работи за Гардијан 
Бартон Гелман , кои работи за Вашингтон Пост(роден 1960)-познат по извештајот за „Септември 11“ -дели пулицерова награда за национален известување во 2002 
Лора Поитрес , кој работела и во двете агенции (новинар и документарист филм - The Oath-Осама Бин Ладен ,9/11 итн
се добитниците на престижната награда преку информациите што го сменија јавното мислење за информациите и следењето на интернет.
Нивната благодарност (за Пулицеровата награда) ја пренесе главниот и одговорен уредник на Гардиијан Јанин Џибсон.