Џаимини основни точки за анализа искуства

Џаимини пристапот на анализиа и давање предвидување,подразбира составување на сетови на правила кои можат да делуваат архаично и пред се да збунат во проценката  и селекцијата ,која метода да се одбере.Метода ,подразбира од најразновидните т.н. Раши даши или динамични планетни осцилации кои се во спрег со самиот кундали на лицето за кое се врши анализа и предвидување.Даша е период на планетно или зодијачко временско делување(осцилирање) , а во зависност дали започнува од точка на накшатра,планета или зодијачки знак.На пример вимшотари е месечева накшатра даша , додека чакра даша е зодијачка или раси(раши) даша.

Кај џаимини дашите потребно е да се стави акцент на внатрешните планетни врски ,а пред се како редослед на планетните степени на издигање , односно позиција на планетата или бараната астро позиција - точка во самиот хороскопски раши(знак).Овие различни степени во полето на знакот , делуваат во сите 16 карти ,но со акцент на некои правила кои се различни во споредба со Парашара аспектите.

Акцентот во Џаимини треба да се стави во приближната метода на пресметка на траење на дашите, за да потоа со настани од минатото се изврши пофина корекција на времето на раѓање ,односно да се дополнително даде поверодостоен опис на каракатвите кои се седум на број ,односно осум а во зависност од специфична употреба.

Овој систем подразбира ставање акцент на т.н. падите во хороскопската карта, односно за колку места е оддалечена планетата од сопствената куќа-знак , со која владее.Дополнително треба да се истражува дали ова влијание на падите е преносливо и во накшатрите.

Основни алатки во Џаимини се:

7 Караки (Џаимини)

8 Караки

9 караки

атмакарака

каракамша лагна,свамша (Swamsha) 

упапада лагна

бхава лагна

хора лагна

гхати лагна

вигати лагна

варнада лагна

пранапада лагна

инду лагна

упаграха

корекција на Џаимини дасите може да се потпомогне и преку аштакаваргите односно сарваштакаварга влијанието во времето.

каракмша лагна (доколку се користи планетното влијание да се пренесе во поделните карти) -треба да се обрне внимание дека осцилацијата на грахата во зодијакот е спирално движење ,па оттука во Д1 делува различно отколку во Д9 или Д10 или Д60.Но,ваквата осцилација на точен временски интервал ги „побудува“ одредените дивизионо(поделни карти ,а тоа подразбира и единство на толкување преку повеќе тематски животни подрачја.На пример дали атмакарака (АК) во Д1,Д3,Д9 итн. ,превземе позитивна односно негативна осцилација ,ќе зависи од името(звук), местото(ум-култура),просторот(воздух-вода-огин-земја-етер васту) ,социјалната и религиозната припадност, роднинската поврзаност која зависи од религијата и културата итн.