Есенска Рамнодневница светлосно прекршување

Есенска и пролетна рамноденица!
 
Пролетта и есента не почнуваат во даденото време! Заради рефракција на светлината кога поминува низ атмосферата имаме повисока деклинација на сонцето од астрономски претпоставената нулта позиција за почеток на пролетта или есента!
 
Теоријата вели дека ширум Земјата ,за време на пролетната или есенската рамнодневница ,треба да се добие идеална половина на светлина на едната земјина полутопка ,односно темнина на другата.Но всушност заради ефектот на прекршување на светлосните зраци во атмосферата ,кога сонцето е во близина на хоризонтот изгледа дека сонцето е малку на повисока точка отколку што реална е неговата поставеност.
      Оттука се појавува и ефектот повеќе светлина од 12 часа(подолг ден),односно покуса ноќ.Тоа би значело, дека рамнодневница треба да започне во некој нареден ден(зависи од рефракцијата на светлоста) ,а не во астрономски пресметаниот ден.Еве денес сме 25 септември 2015.Иако астрономски рамнодневницата започна на 23 септември 2015 во 8 часот и 20 минути по ГМТ ,заради споменатиот ефект на рефракција на светлоста тоа не е прецизно време на есенската рамноденица.За да биде ова покомплицирано, ефектот на прекршување на светлината е различен наутро,односно приквечер ,а зависи од составот на атмосферата, густината односно разреденоста во различни слоеви ,па засега е мошне тешко точно да се пресмета бидејќи набројаните фактори во равенката за рефракција, се променливи кои зависат од електричен,топлотен,хемиски,итн фактор на слоевите на атмосферата.Прецесијата исто так влијае на ситно колебање на аглите,па имаме дополнителни пресметки кои само ја усложнуваат формулата.На долната табела е формулчата за рефракција, а долната под нејзе ги дава деновите во периодот 2015 до 2020 , на приближно пресметаните солстициуми односно есенски и пролетните рамноденици.

формула за рефракција на светлоста во атмосферата

 

 

 

табела на рамноденици и солстициуми 2015 до 2020