Принцот од Кембриџ

Принцот од Кембриџ

Подзнак Скорпија интровертна емотивност,одмереност и затвореност
Сонце во Рак кардинален знак ,емотивност ,сензибилност,флуидност,брзо созревање,рефлексивност,емоционална интелегенција,патриотизам ,поврзаност со постари-прабаба Елизабетапринцот-од-кембриџ
Месечина Јарец кардинален знак -среќна ѕвезда Утарашада конзервативен однос,спорост во одлуки,одмереност и аристократски манири,до 18-19 година односно до 2032 од живот во сенка на возрасните.

Првата посериозна промена во кралското семејството треба да се очекува околу 2016,кога е можно раѓање на второ дете на Кетрин  војвотката од Камбриџ.Воедно тоа е важен период за Кралството и можно е здравјето на кралицата Елизабета да биде нестабилно.Малиот принц од Кембриџ,после 2016 ќе биде насочен на специјален третман на обука и воспитување,па тоа е почеток на неговиот период на учење и кралско воспитување.Нагласеноста на 5-6 планетни кармички фрекфенции преку Северниот Месечев Јазел ,ја истакнуваат врската со масовни и гламурозни настани.Треба да се истакне дека неговиот астролошки т.н. троножец  ,неговиот знак Рак,месечината во Јарец и подзнакот Скорпија не сакаат да се истакнуваат во јавноста.Со родителите ќе биде послушно дете до неговата 16 година ,кога сатурновиот транзит ќе ослободи независно делување и одвоеност на моменти и спротиставеност кон неговите родители.Подобар однос ќе има со својата прабаба Елизабета 2 елизабета втора во виолетов комплет,бидејќи месечевите фрекфенции се во подобар склад.Може да се каже дека двата „тазе“ кралски родители,не се во идеален склад со новородениот принц,аналогно на нивните огнено воздушни хороскопски влијанија.Кејт е Близнаци Стрелец,додека Вилијам двоен Близнак(месечина и сонце ).Елементите Вода-земја(малиот принц) во однос на огон -воздух(принцот Вилијам и Кејт Мидлтон) астролошки се нескладни.Ова би требало лесно да биде воочено од кралскиот астролог, кој би требал да советува пристап соодветен на разликите на хороскопските знаци, за да не дојде до голема своеглавост и непопусливост на малиот принц.2025 кон 2026 летниот односно зимскиот период е неповолен на здравствено поле кај малиот принц,а тоа подразбира да се внимава од повреди на можеби лево раме,а воедно послаб орган е белодробниот ситем и горното торзо.Значи совет внимателно со јавање и кралско ловење лисици.Новородениот би требало да има белег од раѓање во близина на срцевата чакра.

Лесно ќе учи работи кои се поврзани со систематско знаење,пред се практично и применливо,а заради меркур и марс во близнаци може да биде љубител на брзи спортско класични автомобили олдтајмери.
За знакот Јарецкралска комбинација рак јарец близнаци стрелец се истакнати кралските манири и елеганција,па следи класично облекување во модата и „ненаметлив“ стил со префинети детали.Среброто со раѓање стана негов заштитен метал,па доколку се додаде дека и неговиот сончев знак Рак е поврзан со Сребро како метал,додека Јарецот и Скорпијата златна,црна,црвена и декемвриски  жолта кон кафена боја и секако Сафирно сината .Скапоцени камења дијамант и син сафир(сатурн во егзалтација),смарагд(Меркур во седиште).
После 2032 -2033 (неповолна за еден дедо или баба) е година ќе патува во земјите од третиот свет, и ќе добие ментор или близок пријател од западната страна гледано од неговото раѓање.Можен брак во периодот по 2043-2044.

оваа анализа треба да се прифати повеќе од забавен карактер и популарен пристап отколку како сериозна анализа во наталната карта на малиот Принц од Кембриџ.

во јавноста ќе се ословува како Џорџ Александар Луис

Симеон Атанасоски 
24јули 2013, Скопје Република Македонија,
AttachmentSize
karikatura-kralski-rodenden.jpg138.26 KB
vojvodkata-od-kebridge-so-princot-golema.jpg96.5 KB
novata-kralska-trojka.jpg31.74 KB
maliot-princ-od-kembridge.jpg27.88 KB

Comments

околу наталната на принцот

Одличен текст т.е. за наталната карта на принцот од Кембриџ.очекуваме нови текстови на познати лица во Македонија и светот.

ispratete ja na kralskoto semejstvo

isprate ja na kralskoto semejstvo vo obedinetoto kralstvo!

8 септември и објава за второ дете на Кетрин

Еве Празникот на Република Македонија 8 септември, може да донесе добри вести за кралското семејство.Штотуку е проследена веста(ББЦ), за втората бременост на војвотката од Кембриџ ,како уште се нарекува Кетрин грофицата од Strathearn во Шкотска.Дали оваа вест е шпекулативна набрзо ќе се обзнани во јавноста.Како и да е граѓаните меѓу првите во светот го проследија ова е предвидување.