принцот Луј Артур Чарлс

Луј Артур Чарлс е Третото дете на кралскиот пар Вилијам и Кејт

Изјава за медиумите од англиските портали

"Војводата и војвотката од Кембриџ се воодушевени да објават дека го именуваа својот син Луј Артур Чарлс", се вели во изјавата на Кенсингтон Палас во петокот. "Бебето ќе биде познато како Неговото Кралско Височество принцот Луј од Кембриџ".Името се поврзува и со менторот на дедото Чарлс ,ерлот Луј Моунтбатен кој загина(убиен) во 1979 година под „директива“ на ИРА .Името Артур ,покрај што се поврзува со легендарниот крал Артур ,исто така е застапен кај таткото Вилијам но и кај дедото Чарлс.Третиот син на кралицата Викторија исто така се викаше Артур ,а историските извори наведуваат дека бил нејзино омилено дете.

Инаку името Артур преведено од келтски се поврзува со „Мечка“ и има легендарна историја ,која е честа филмувана приказна за кралот Артур и Камелот и секако витезите на округлата маса. Мечот кој Артур го извлекол од „каменот“ како и легендарниот волшебник Мерлин и денес го привлекува вниманието на  јавноста.