Prikazna za Saturn 4 del

 Тогаш кралот Викрама си рекол: „Го навредив Сатурн, таа моќна и сурова планета, сега дефинитивно ќе го ожнеам тоа што го посеав со своите навредливи зборови.“ Измачувајќи се во своите мисли Кралот Викрама легнал и заспал. Следното утро се вратил да владее на својот трон, онака како што секогаш владеел. Однадвор сè изгледало нормално, но во себе бил крајно вознемирен од помислата на измачувањето кое му следувало од страна на Богот Сатурн.

Оттогаш поминал точно еден месец.

 

Дента кога Сатурн влегол во неговото поле, еден од најдобрите астролози дошол да го посети Викрама и да му соопшти дека тој ден започнува неговото саде сати, или 7 и пол години на влијанието од страна на суровиот Сатурн. Астрологот му рекол: „Сега е време да ги изведуваш мантрите, односно молитвите, да даваш жртви и да даваш донации во негова чест и да се надеваш дека Сатурн ќе се смилости над твојата судбина. Во оној момент кога Сатурн ќе биде задоволен од она што ќе го правиш во негова чест, тој ќе те заштити онака као што би заштитил свое дете.“

Кралот Викрама рекол дека со сигурност ќе ги исполнува сите дејствија што би го омекнале Сатурн и што би го задоволиле: „Но кога можел да биде толку суров со родените родители, не верувам дека би се задоволил што и да направам.“

Поминале неколку денови и Сатурн се претворил во продавач на коњи и отишол во кралството на Викрама, знаејќи многу добро дека кралот е голем обожувател на коњи. Викрама испратил еден од своите најдобри познавачи на коњи да види какви коњи продава овој нов продавач што дошол во нивното кралство. Кога ја слушнал цената познавачот на коњи се изненадил и отишол кај кралот Викрама. Тој пак се зачудил од цената и решил самиот да го види тој коњ. Ги разгледал сите коњи и најмногу го привлекол еден прекрасен коњ со одлично педигре. Викрама прашал која е неговата цена, а преправениот Сатурн речекол: „О кралу, прво јавнете го коњот и одлучете дали навистина ви се допаѓа тој коњ, а потоа ќе ја кажам неговата цена.“ На кралот му се допаднал коњот со име Саранг. Но тогаш Сатурн го покажал коњот со име Аклах и рекол дека овој коњ има највисока цена која до сега не била побарана за ниту еден коњ, но ако тој лично успее да го јавне коњот, самиот ќе се увери во неговиот квалитет. Викрама не насетувајќи дека трговецот со коњи е всушност самиот Бог Сатурн со задоволство го јавнал коњот. Во истиот момент коњот почнал да галопира со неверојатна брзина. Кралот не можел да се симне поради големата брзина. Единствено што можел е да се држи цврсто и да се надева дека коњот набргу ќе се умори и дека ќе подзабави. Но коњот имал неверојатна енергија, со часови и часови галопирал без нималку да запре. Поминале стотици километри без запирање. На крајот стигнале некаде делеку, во некоја непозната земја. Веќе се било замрачило, сонцето било зајдено. Само што Викрама успеал да се симне од коњот, тој повторно почнал да галопира губејќи се од видикот на кралот.

Викрама останал сам. Било толку темно што ништо не се гледало и тој морал да преноќи во шумата. Утрото го разбудила глад и жед. Еден кравар дошол до него, му дал вода и му кажал каде е патот до најблискиот град.

Назад во Уџајини, целото негово кралство било во тага по својот крал што одненадеж исчезнал.

Сатурн преправен како трговецот што му го дал коњот на кралот Викрама да го јава побарал од Премиерот на Уџајини да му плати за коњот. Премиерот рекол: „Кога ќе се врати кралот ќе ти плати.“ Но кралот не се вратил и Премиерот видел не видел му исплатил на трговецот за коњот. Во тој миг Сатурн се завртел и исчезнал.