Prikazna za sade sati na planetata Saturn 1 del

    Сатурновиот саде сати-7 и пол годишен период

prikazna za saturn

 Кралот Викрама кој владеел со областа Уџајини по природа бил интелектуален филантроп и на своите сограѓани гледал како на свои деца. Тој се грижел за нивната благосостојба и бил познат по својата хуманост и праведност. Бил голем љубител на интелектуални дебати и размислувања. Покрај себе ги имал собрано најголемите умови, министри, експерти, судии. Обожувал секој ден да расправа со нив на различни теми. Еден таков ден прашањето за кое се расправало било: Која од деветте планети е најмоќна (врховна)?

Кога се дознало за што ќе се расправа тој ден, како никогаш дотогаш сите граѓани биле заинтересирани за одговорот на ова прашање и затоа сите се собрале во големиот амфитеатар. Начинот на кој што требало да се дојде до одговор на ова прашање бил следниот: секоја од планетите со свој претставник требала да излага пред големиот аудиториум за особините и моќта на планетата. Овие нивни претставници и самите ги поседувале особините на планетите, дури и премногу наликувале на нив. На крајот, после сите излагања, кралот Викрама тербало да одлучи која од овие планети е најсупериорна.

Претставувањето започнало.

Прв бил претставникот на Сонцето. Кога влегол во амфитеатарот целиот зрачел со достоинство, моќ, авторитет и со еден скромно-арогантен глас почнал да говори: „Сонцето е најсупериорно меѓу сите планети. Меѓу планетите тој е Бог. На оние кои му се поклонуваат и му се оддадени, Сонцето ќе им ги избрише сите грижи, болести и сиромаштија.“

Претставникот на Сонцето имал виткана златна коса, прониклив ум, маестрален глас, очи со боја на мед, стабилна градба. Бил накитен со црвени цветови и наметка со боја на шафран и во рацете држел црвен лотосов цвет. Претставникот зборувал како сè потекнува со соцето, дека тоа е душата на сè. Неговиот ден е недела (анг. Sunday), а хороскопскиот знак на Лавот. Тој владеел со светлината, топлината и времето. Претставникот раскажувал за големината и делата на Сонцето велејќи: „Тој ги брише гревовите, загубите, слепилото и неукоста.“

Откако претставикот на Сонцето завршил со претставувањето, кралот слушнал како толпата воскликнува од одушевување.

 

Втор на ред бил претставникот на Месечината. Имал прекрасни очи, сензитивна природа, експресивен и неодолив лик. Неговиот говор бил проткаен со чувства. Покажувајќи разбирање и кон оние што го обожуваат Сонцето, рекол дека навистина Богот Сонце е голем, но сепак моќта на Месечината е далеку поголема.

„Месечината е господар на емоциите. Тие што му се поклонуваат на овој Бог биваат излечени и среќни. Месечината вледее со ноќта и со водите. Месечината свети со прекрасна светлина, бела како јогурт и плодовите растат благодарение на нејзината светлина. Месечината е пријатна, мирољубива, младешка, среќна, сочна. На изглед тенка, но со облини, нежна и мека, интелигентна, со очи полни со љубов и мудрост. Владее со течностите во телото. Оној кој бара сексуално задоволство треба да ја обожува и да и се поклонува на Месечината.“

Претставникот на Месечината носел бела облека, со бели цвеќиња, накит од бронзен метал или сребро и бисери. Денот на Месечината е понеделник (анг. Monday). Таа владее со констелацијата на Ракот. Бидејќи сите го сакаат Богот Месечина го нарекуваат: „Пријател на светот“. Претставникот продолжил да раскажува за Богот Месечина, неговите моќи и дела. На крајот завршил со: „Оние кои му се поклонуваат на Богот Месечина доживуваат бескрајно блаженство.“

Сите биле маѓепсани од оваа харизматична појава и излагање на претставникот на Месечината.

Откако толпата стивна со зборувањето, нивното внимание го привлекол претставникот на Марс. Неговите очи гореле како оган и од него зрачела храброст и сила. Неговото излагање било полно со наглост, нестрпливост и сигурност.

„Марс е суров и остар и станува бесен кон секој оној што го обожува со ароганција. На таквите им ја уништува фамилијата и просперитетот. Оние што го обожувааат со понизност, ќе бидат благословени со богатство и ќе се спасат од болести. Нивниот имот и дом ќе бидат заштитени. Марс е заштитникот на домот од сите непријатели и несреќи.“

Претставникот на Марс бил облечен во црвена облека и црвени цвеќиња. Низок по градба со младешки изглед и црвени очи. Авантурист по природа, енергичен, лаком и гневен. Тој е воин, предизвикува пожари и повреди. Владее со мускулите и коските, со југот. Негов ден е вторник (итал. Martedi), негов метал е бакарот.

...продолжува