Приказна за белата градина

prikazna za belata gradina

 

Метафорично кармата и слободната воља може да се престави преку приказната за градинарот и неговата цветна градина.
 
Некој градинар сакал да засади само бели цвеќиња и студиозно се зафатил да најде секаков вид на бело цвеќе.Така неговата градина била исполнета само со бели цвеќиња кои ги негувал со голема љубов и посветеност.
Три години вложувал голема љубов и секојдневен напор негувајќи ги внимателно и бил горд на пофалбите од сите оние кои имале можност да ја видат неговата преубава бела цветна градина.
Но, по третата година, едно утро кога почнало да цвета цвеќето ,тој со неверица видел како едно бело лале добило голема црвена дамка.
...почнал гласно да се жали...
 
Како е ова можно?
Јас макотрпно работев да ја контролирам земјата и околината за ова цвеќе,а сега види каква мана...Зашто попусто отиде мојот труд..Каде направив грешка?Му ја дадов сета моја љубов на ова цвеќе макотрпно го негував од изгрејсонце до зајдисонце,но сега ништо не ми вреди...
 
Можеби е ова легенда од време на Сумерската цивилизација пред 5000 години,можеби белите цвеќиња биле засадувани на висечките градини во Семирамида прогласени за едно од 7-те светски чуда на антиката.Можeби се прашувате Дали градинарот направил грешка и доколку ја направил кога..каде....Кој ја предизвикал штетата? Дали навистина е штета да се појави црвено лале,различно од неговите „браќа и сестри’?
 
Оваа прераскажана приказна за некои луѓе е препознатлива состојба во нивниот живот.Вложуваат многу љубов и труд надевајќи се дека ќе ја контролираат својата непосредна околина.Сакаат идеално да ги воспитаат своите деца,да ги почитуваат или непочитуваат своите блиски.Се обидуваат да се оддалечат од се она што им е пречка на нивниот идеален светоглед.И ...се појавува „црвена дамка“...