Предвидувани авионска несреќа и тероризам за мај 2016

Пред месец дена беше дадено предвидување за тешките денови на мундан план во светот и беше нагласено дека во месец мај, следат најмалку два силни земјотреси кои ја поминуваат 7 црта на Рихтеровата скала.Ова беше постирано и на мојот ФБ профил , и беше напоменато за авионски падови ,како и за тероризам врз цивили.

До крајот на мај уште два периода се негативни и треба да се внимава , како во сообраќај така и во избрзани и непромислени одлуки.Овие периоди се околу 22 и 29 мај 2016. Околу овие денови(21-24) и 29-31 мај 2016, околу 7 наутро, попладне,15-21 часот и по полноќ (алкохол)посебна претпазливост во сообраќај како и вработените кои имаат „опасни“ професии (запаливост ,обезбедување,трафостаница,отрови-киселини и сл.). Рестораните,мензите и фаст-фуд киосци да внимаваат на хигиената и квалитетот на храна. Посебна претпазливост покрај дадените и во утринските часови 5-7часот.Во овие денови за светот можен е силен земјотрес преку 7 рихтер и пад на воздухоплов авион,хеликоптер и сл.Нагласени се патните несреќи. Оваа изјава е во насока да ја зголеми вашата интуиција за заштита од донесување избрзани одлуки.Лицата кои со помош на медитација за мир влијаат на светските процеси треба да ја зголемат свесноста околу овие денови и да дејствуваат заштитнички за жителите на Република Македонија и планетата земја.

како потврда на предходните предвидувања дадени при крај на 2015 и повторно во април 2016 

Светските портали известуваат за два силни Земјотреси со јачина од 6.7 рихтерови и 6.8 рихтерови во средата пред полноќ ,односно околу пладне со смртни последици на едно лице и 2 сериозни ,а голема е бројката на полесно повредени-се известува за најмалку 85 лица.

Потврден е авионски пад на локација Латитуда 34.771 Лонгитуда 27.871 во близина на грчкиот остров Karpatho . Авион од типот на Airbus 320 на компанијата Egypt Air лет MS804 полетал од аеродромот Шарл де Гол(Париз) во 11:09, а од радарската контрола го снемува во 2:30(наутро) во Медитеранот, за време на летот Париз-Каиро.

мапа на авионски лет париз до карпачо грција каде падна авион на Egypt Air

Последното јавување е на висина од околу 11 километри. Судбината на 66 члениот екипаж неизвесна. -30 Египќани, 15 француски, 2 Ирачани, 1 Британец, 1 белгиски државјанин, 1 Кувајт, Саудиска Арабија 1, Судан 1, Чад, 1, 1 португалски, 1 алжирски и 1Канадски државјанин. Изјавата на председателот на франција Оланд ,упатува дека авионот се срушил и во потрага е по неговите остатоци.Се сомнева на терористички напад-поставена бомба во авионот.Има потврда и од очевидци на брод на Грчка трговска морнарица,кои виделе „пламен на небото“ во претпоставената локација за пад во јужниот медитеран. Последна вест е за наоѓање на остатоци од човечки тела 370 километри јужно од островот Крит,во просторот за пребарување на авионот.Најдени се по пребарување на сигналот од транспондерот на авионот. Франција до крајот на јули ја прошири вонредната состојба.Ова е трето безбедносно ургентно дејствие.

Ова е втор поголем терористички акт ,за помалку од една година откако авионот на руската компанија Metrojet(9268 лет) се урна во северниот дел на Синај во Египет.Сите 224 лица во авионот загинаа.Руските обвинувања за поставена бомба од страна на Исламската држава (ИСИС), подоцна ги потврди Египетскиот председател како терористички напад(бомба во авионот).

Покрај оваа ударна вест за новинските портали(агенција Ројтер) јавува и за уште еден пад на товарен авион во Авганистан со смртни последици за 7 лица од вкупно 9-мина во авионот.Двајца од авионот се преживеани ,но нема информации за нивната здравствена состојба.Авионот бил на компанијата Азербеџански пат на свилата.Екипажот биле од Азербејџан, Украина и Узбекистан.

Comments

Околу даденото предвидување за силен земјотрес мај 2016

Два силни земјотреси денес во светот.Првиот во местото Високо ајланд ,во влизина на Аргентина со магнитуда од 7.2 по рихтер и на Фиџи 6.6 по рихтер.