Предвидување за пожари во светот и Македонија огнен астро елемент

Од самиот старт годинава(2012),повеќе медиуми јавуваат за зачестени пожари,а како причина се наведува неисправна електро инсталација и човечко „невнимание“.
Како и да е за ова е „предвидено“ уште во 2009 и проследете сами што се советуваше:
 
објавено 2009 цитирам
По 2011 треба да се очекува дека ураганите ќе го засилат своето влијание ,пред се заради Јупитер кој се приближува до Меша(Овен) и накшатрата Ашвини и Сатурн кој ќе влијае преку Терезија(тула).Ова е огнено воздушна комбинација на елементи,па извесни се пожари,електрични празнења(грмотевици и сл.)Значи совет за 2011-2013 осигурете ги Вашите имоти од штети евентуално предизвикани од електрични инсталации,струен удар,телефон,пожар,штети на машинскиот парк,хаварии,болести на стока пред се овци итн.  
 
Предвидувањето за Ураганите(торнада) е веќе коментирано(има табела 2008-2011година),а ова предвидување е дадено за да се избегнат нови пожари,штети и сл.Истото треба да се прифати како превентивен совет.
за табелата и торнадата во светот повеќе  predvideni_nastani_tornada_vo_svetot

 

Comments

известување за 150 пожари во шпанија

 настан 28 и 29 март 2012

*Прилог на дадено предвидување е за бројот на пожари регистрирани на северот од Шпанија (150) и зафатена површина од 650 хектари.

*пожар на бреговите на реката Дунав

Пожари и во Македонија

Пожар и во Штип Само за два дена изгаснати се осум(8) шумски пожари. Во тек е гаснење на големи шумски пожар на Пилав... Претходно се запалија првен во Скопје неколку куќи(мисла 5),за по неколку денови во Тетово.Од нова година се зачестени пожарите во Македонија.

Зголемен број на пожари во Република Македонија анализа

 Само во првите 3 месеци годинава(2012),се забележани зголемен број на пожари.Јавување за пожар во Пинтија,потврда за изгорени 5(пет) куќи во Тетово,пожар со човечка жртва во Битола,изгаснат пожар во Гевгелија.Охридски веб страни јавуваат за голем пожар во атарот на село Расино,селото Лакочереј Дебело поле.Навремено е спречен пожарот во Ресен.Се спомнува и голем пожар во близина на Стенковец,додека во Канатларци (Прилепско),во фебруари се јавуваше за пожар каде 9 члено семејство остана без својот дом.Да спомнеме и за пожар во близина на зградата од собранието на Република Македонија,кај усје,во куќа спроти МВР.Од индустриски објекти е опожарена фабриката(стаклара) за безалкални влакна(магацини за картонска и пластична амбалажа) во Гостиварска индустриска зона.Ова се нецелосно проверени информации кои се пренесени од медиумите и дневните весници,како и веб порталите.Ова е само еден дел од информацијата како потврда за зголемените пожари во Македонија.Се советува повторно,да се организираат округли маси тв емисии,дебати,анкети и сл. како  и превентивни вежби за гаснење пожар,како би се намалиле штетите од оваа неповолна појава.

Неколку потврди за пожари во Македонија

Пожари јули 2012 :

во Струмица-студентски дом,пред некој ден во Богданци,нов пожар во тетовско, во близина на Свети Николе,во Скопје помеѓу Кисела Вода и Аеродром, објекти во ,кај скопско Каоњари ,на 7јул2012 пожар во Житомел Куманово,исто така и во агроплод Ресен ,борова шума во Осломеј..итн...

 

нови пожари во македонија и светот

 Се јавува за пожар на 70 километри од  францускиот Марсеј,има пожар во германија и шпанија,но и кај нас во Македонија повторно пожарите се активни-изгоре куќа во дебар маало близу руска амбасада,во село мирковци,исто и во свети николско,пожар во ченто,авиони повторно гасат пожари во близината на Струмица...итн