Предвидено раѓање на дете кај Ребека Јанковска

Ова е продолжетокот на натална карта познатата пејачка  Ребека Јанковска.Може да се забележи предвидувањето за добивање на дете и нагласен е зборот сигурно.Астро анализата е направена неколку години порано.
Следи вторио дел од нејзината натална карта.
За подзнакот Терезија(Тхула во индиската астрологија),значајна планетата е Сатурн и владателот Венера која секогаш делува на песната,играта и забавите.Во наталната карта  на Ребека,планетата Венера е сместена во лошо поле 12 и во Девица кое е поврзано со несредени емоции,одалечувања и блокади.Сепак Венера е вонредно силна во сите 16 карти ,завземајќи 7 од 16 поволни позиции (седиште и егзалтација) и ја „корегира“ својата „примарна“ природа.На тој начин,нејзиното влијание е успех и талент за уметностите играта и песната.Истовремено Венера има 4 неповолни позиции во (Д1,Д3 и Д4),посебно со третата Д3 карта наречена Дрекана (една од 16 хороскопски карти во Џотишот),која кореспондира со оние со кои се живее во заедница.Тоа дава можни проблеми на сестра(Венера е во женско поле) и можни потешкотии со родители-4поле (мајка) и 10поле(татко) се афликовани со марс и јазлите.Кармички ја учи лекцијата кариера,сопствен дом и родители!
Силата на нејзината натална карта е во Чандра-Мангала јога во спој со месечевите јазли од една страна и кралската планетна формација на Панча пуруша Ручака јога која е формирана од  егзалтираниот Марс во Јарец.Сонцето во Лав во сопствено седиште(Д1 карта) и во Овен(егзалтирано во Д60 карта) е со исклучителна сила и само ја потврдува нејзината појавна „афирмативност“ и јавна работа.Лавот дава храброст, енергичност и решителност,внимателно ги планира акциите,раскинува односи кога не е задоволен од статутот кој го очекува,со својот настап секојпат предизвикува внимание ,а неговото Его најчесто е во „спрег“ со јавниот живот и гламурот.Неговата мисла е фрли зад себе да најдеш пред себе...но додека е млад!Ја очекуваат големи,...големи промени на емотивно и деловно поле во наредните години.Одалечување од стари пријатели и влез на нови луѓе и продуховени дружења.Свесноста ќе почне да се буди велат старите текстови,а на крајот на патот е промена која се случува еднаш на 30 години!Значи Ребека ќе ја изненади,јавноста во наредните години во однос на поедноставен пристап и комуникација со јавноста, спиритуални дружби и невобичаен звук,можеби со ориентални или „афро“ примеси !!!
Посветување на себе си и желбите кои ги одложувала заради кариерата сериозно размислување за продлабочување на емотивна врска-брачен живот!Сигурно е дека транзитот на Јупитер и Сатурн период 2006-2007(квадрат) ќе создадат промени на емотивно поле и можност за раѓање на дете е голем!
Што се однесува до 2004 година ја очекува променлива среќа,но сепак на крајот од 2004 финансиски ќе профитира ,доколку заработеното го наплати!Успех и „рекламна“кампања после пролетта е вовед во нејзината присутност на музичкиот пазар 2004 и извесно е дека некои нејзини нови музички композиции, ќе се „вртат“ во медиумите „мултимедиално“!
Се советува да го искористи периодот од март до јуни и после септември кога се нејзини најуспешни периоди годинава.Покана за гостување надвор од земјава во пролетта треба да ја прифати,а извесен е нејзин успех во април 2004!
 
Долгорочни прогнози:
успех и популарност
април-јуни 2006
2007 -2008 
декември 2008
 
 
емотивни потешкотии,битни одлуки,промена на личноста,прилагодување,одалечување...
 
после јуни 2005
после јануари 2005
 
 
цитат од натална карта на Ребека со предвидување за добивање дете