Предвидување за тероризам во светот и криза Трамп Путин

трамп профил колор во црно и  путин во профил црно

Минатата година(2016) во декември, јавно на ТВ беше дадено мое предвидување за заострување на односите помеѓу Вашингтон и Москва за април 2017 и јасно беше предвидуван период на сериозна криза.Се спомна дека , заради забрзано транзитирање на воената планета марс низ полето на Меша(овен) е зголемена можноста за тероризам во светот,а сите бевме сведоци на неколку терористички настани во светот и само за 10 тина дена имаме серија на терористички акции на различни локации во светот.

Недела на тероризам во светот,за жал со човечки жртви и паника меѓу населението.

Бомбаш самоубиец на 3 април 2017 во „срцето на Русија“ се саморазнесе во метро станицата во (Санкт Петерсбург) убивајќи 13 ,а потешко повредувајќи 64 лица ,Терористички напад во Стокхолм-Шведска на 7 април 2017, со влетување на камион со голема брзина со смртни последици за 4 лица и голем број на повредени (15 тина неофицијално) ,а само ден потоа и во Осло, Норвешка е спречен обид за бомбашки напад.

Светот е згрозен и по двата еден по друг самоубиствени напади во Египет за време на прославување на верскиот празник Цветници .Првиот близу коптска црква во градот Танта на 9 април 2017 каде се јавува за 30 мртви (заедно со бомбаш самоубиецот) и преку 70 повредени лица. Вториот напад се случува во истиот ден со неколку сати разлика, близу црквата на Свети Марко во Александрија Египет, каде починати се водат 16( 17 заедно со починителот) , а бројката од 66 повредени е неофицијална.

април Првата воена акција на Доналд Трамп

доказ за дадено коректно предвидување со текст април 2017 тероризам и уса русија конфликтЗа април 2017 беше покрај дадено предвидување за тероризам во светот ,а посебено се нагласи кризата која се предвидува помеѓу САД и РУСИЈА или најпововиканите представници Трамп и Путин.

Оваа криза се активира по наредбата на новиот председател на САД Доналд Трамп , да ја бомбардира воената база и аеродромот во Шејрат провинцијата Хомс (кординати координати 34°29'24" северно 36°54'32" источно од Гринич) , а како одговор на употреба од сириските сили(контролирани од Асад) на забрането хемиско оружје врз недолжно цивилно население во регионот Кан Шајкун близу сирискиот град Идлиб. Според администрацијата Трамп, оваа база се верува дека содржела складиште на хемиско оружје Сарин .Испалени се 59 крстувачки ракети од типот„Томахавк“, а беше дадена информација дека биле известени сојузниците како во Нато ,но и руските сили . „ Во овој напад загинаа најмалку 86 луѓе меѓу кои и деца “, изјави американската амбасадорка во ОН Ники Хејли.

Овој настан околу употребата на хемиско оружје е демантиран од руска страна ,а нивните владини преставници во својот најостар дипломатски речник ,најавија прекинување на воената кординација со САД на размена на информации ,а некои портали известуваат за ... „Русија и Иран ги предупредија САД дека „ќе одговорат со сила“ ако нивните сопствени „црвени линии“ бидат преминати во Сирија.“

Предвидувањето во декември 2016, за настаните во април 2017 за жал се покажаа коректни и доведуваат до сериозни прашања поврзани со мирот во светот.Граѓаните не треба да дозволат , ваквите настани да влијаат на нивното расудување на доброто и злото. Треба добро да се информираат пред да завземат страна или да имаат осуда или одобрување. Секако за осуда се загубените човечки животи и предизвикана психолошка состојба на страв кај населението во светот ,кои го предизвикаа овие настани.Граѓаните да ја најдат нивната сила во неполаризирана состојба на свесност , каде на прво место е обид да се разберат разликите помеѓу луѓето предизвикани од различна религиозна свесност и да упатат сочувство кон двете страни да простат на грешките создадени од нивните предци.