Предвидено со дадени денови ескалација на Блискиот Исток

Предвиден настан - астрологија!знаме на Израелската држава
 
100 терористички цели погодени во Газа(извор израелски сили) е вест која се очекуваше ,па и се предвидуваше! Претходно 2 ракети се истрелани кон густо населениот дел на Тел Авив,една пресретната а втората паднала на отворен простор.Ваков настан насочен кон Израел ,не е забележан од 2014 година.Ова заострување се случува по неколку неделни тензии ,но и испукана ракета од страна на Израел во северниот дел на Газа ,на 4 март 2019. (во новогодишното мое обраќање скоро до ден предвидено ,предвидувано е за 3 март 2019 ,а настанот е на 4 март 2019).Дадени се и останатите денови кои се критични до крајот на април 2019израел нападнати тел авив и појасот газа со кружници на мапа
 
На почеток на годината во новогодишните вести (канал 5 ,тв 21) ,јавно е објавена но и се реобјави на мојот facebook профил ,како и на веб порталот за астрологија. Доказ е објавените видео прилози , а јас на го постирав на почеток на годината интегралното предвидување ,од кој еден дел е исечокот  за предвидениов настан.
Ваквиот настан се предвиде ,аналогно на влијанието на марс кој транзитираше во полето на Меша(Овен) ,а таа ги раздвижува воените структури и доведува до насилство врз цивили.Израелската држава на астро план ,покрај повеќе хороскопски мапи има влијание и на полето на Девица ,а марс е школски пример на ова влијание во осмото насилно поле во зодијакот. Истовремено Шани(Сатурн),северниот јзел и  светлата(Сонце-Месечина) ги допираат овие осетливи точки за знакот Девица (влијание на кендра поле-квадрат) .Ова е повторено и во картата на премиерот Нетанјаху ,кој е во корупциски скандал,аналогно следеа настани со напади врз 100 терористички цели ,како воен одговор за нападот со дветте ракети врз Тел Авив. 
 
јавно објавено крај на декември 2018
 
текст од предвидување за март април 2019 блиски исток
 
 
 
 
 
Предвидувано: 
„март април блиски исток,балкан и украина многу работа за полициските сили“ 
 
Првен говориме дека мартовскиот период Блискиот исток ќе биде под пресија, ...може да ескалира ...20 март претходно, 3 март
 
 
Голем дел од Балканот во протести:
 
само како потврда за овие напнати настани на Балканот ,се протести на неколку држави од март 2019 .Во минатото имало протести , но истовремено во еден месец на Балканот и со ваква масовност се од поредок вид.Затоа и ова предвидување за Балканот може да се третира како коректно.Предвидувани се деновите,настанот и локацијата.
 
АЛБАНИЈА
 
Со почеток на месец март големи протести на обединетата албанска опозиција  (антивладин протест), но и нови кои се закажани за 16 март 2019 (сабота) кои се најавени како најмасовни.Порталите ја истакнуваат Моника Круемади ,која своите обвинувања ги „адресира“ на неспособната влада на Еди Рама заглавена или заробена од криминални групи.Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ),остварува средби со граѓаните ширум Албанија, да ги убеди граѓаните масовно да се приклучат на протестите.
 
СРБИЈА и ЦРНА ГОРА
 
Протестите насловени „1 од 5 милиони“ продолжуваат во 10 градови во Србија,а насловите во Црна Гора се „NIKAD MASOVNIJI PROTESTI: Crna Gora ustala protiv Đukanovićevog režima!“
 
ГРЦИЈА
 
...па и во Грција имаше дури и настрадани на протестите против Преспанскиот договор,каде се судрија неколку полицајци со демонстранти. Протестот бил закажан и организиран од Христос Папас пратеник од „Златна Зора“ (десна ориентирана партија околу 7% во грчкиот парламент)  
 
УКРАИНА
 
Во Украина , истотака имаше насилни протести ,а топ наслови како: „Ултра десничарите со јуриш на Порошенко се судрија со полицијата“, само по себе говори за овие настани.