Предвидени авионските падови во Меделин и Папура во 2016

Предвидувани авионските несреќи со помош на ведската астрологија пред една година

Две Авионски несреќи во предвидуваните два периоди објавени во декември 2015. Скоро пред една година на овој веб блог и на мојот ФБ профил за ведска астрологија , се постираа 4 делови од моите предвидувања за 2016.Се предвидуваа неколку авионски несреќи и прецизно беа дадени деновите каде е нагласен период за несреќи и авионски пад. доказ од предвидувањето дадено пред една година за авионски несреќи во декември

Mоите три завршни предвидувања за 2016 беа за авионски несреќи во месец ноември-декември 2016 ,а објавени беа деновите 29 ноември 2016 и 19 декември 2016 ,како и последно предвидување за можен авионски пад во периодот од 27 до 31 декември 2016. Дадените предвидувања се коректни до ден отстапување па треба да се истакнат за да се забележат. Во првиот период кој го предвидував за авионски пад беше наведен 29 ноември 2016 ,а за овој ден сите светски новински агенции, известуваа за падот на Avro RJ85 на операторот Lamia во близина на Меделин Колумбија.Овој настан сите светски агенции посебно го третираа како вест на денот , а оваа авионска драма ,среќно заврши за 6 лица , кои неверојатно ја преживеаја ова голема човечка и спортска трагедија. Најголем дел од погинатите беа професионални фудбалери од фудбалски тим на Бразил Chapecoense.Неофицијалните непотврдени вести укажуваат на недостаток на гориво , на летот со должина од скоро 4000 километри од Сао Паоло,преку Санта Круз до Меделин местото на урнување.

Вториот период кој беше потенциран за авионски пад на 19 декември 2016 имаме втор авионски инцидент во местото Папура , Индонезија. Во предвидуваниот период (ден задоцнување) имаше авионска несреќа на 18 декември 2016, каде авион од типот Локид Ц-130 (Lockheed C-130H Hercules) се урнал во планинскиот дел ,обидувајќи да слета на аеродромот во Вармера(Warmera) Овие предвидување се реткост во светот и заслужуваат студија со сите астролошки фактори кои доведоа до несреќи во двата периода.