Хакерски напад предвидуван пред 5 месеци

Предвиден хакерски напад!

При крајот на 2016 на две телевизии јавно предвидував хакерски напади за оваа година (2017) , а во тек се известувања за ретко виден координиран напад со нов вид на “прилагоден“ компјутерски вирус ,а првите проценки се на атак во преку 100 држави во светот! Ова вест говори сама за себе и ваков напад со години не е забележан , па затоа и даденото предвидување е коректно. бели црвени креон бои на позадина од хакер пред компјутерПорталите јавуват цитирам„Глобален хакерски напад инфицира 57.000 компјутери... “ , „Русија под силен хакерски удар ... , Околу 100 тина земји изложени на масовен сајбер напад “ Дел од порталите неофицијално известуваат замешаност на НСА (америчката агенција).Кај некои компании овој малициозен софтвер ,предизвикал паника за губење на податоци и порака да се платат 300 до 600 долари за да го добијат пристапот до нивниот компјутер со важни податоци кој бил заразен. Cyber-изнудувачи во петокот 12 мај 2017, прелажаа повеќе лица во светот , да кликнат на заразен софтверски додаток (attachment) на спем пораки,поврзани со деловно работење како фактури, безбедносни предупредувања , понуди за работа и разни датотеки кои се со предзнак - „легитимни“.

Дали овој напад е насочен кон крипто валутата Биткоин , ќе покаже наредниот месец ,а доколку се потврди тоа може да е вовед на економска војна за доминирање на пазарот на крипто валути кои до 2020 треба полека да стане наша опција за електронско плаќање.Таргетирани држави од 100-те посебно се нападнати Русија,Тајван и евровизискиот домаќин за 2017 Украина.

Се јавува за пореметување на работа во некои болници во Велика Британија , па пациенти не можеле да бидат болнички третирани (биле вратени) , поради изгубени податоци.„Рутински состаноци со пациенти се откажани , а амбулантни возила се пренасочени во соседните болници.“ Погоден е безбедносниот код на Виндовс , па се советува во наредниот период да внимавате на важни податоци (бекап) како и електронско плаќање од нерегистрирани виндовс оперативен систем.

Оваа закана е времена и се решава , но сепак , повнимателно во наредниот период ,доколку не користите некаква антивирус заштита. Рич Barger, директор за истражување на закани со Splunk изјави: "Ова е една од најголемите светски Ransomware напади кои сајбер-заедницата никогаш не го видела" Руското министерство за внатрешни работи јавува за 1000 заразени компјутери ,кои биле локализирани.

Моето предвидување , можете да го најдете јавно објавено архива на 24 ТВ.