прецесија и помрачување

 При помрачувањата на месечината или сонцето,ова влијание на осцилација е максимално негативно бидејќи го нарушува континуитетот на осцилација на светлината во кус временски интервал неколку минути(максимална активност).Прекината светлосна осцилација,создава дисконтинуитет на работа на неуронското поле кај живите битија,па и кај човекот па на тој начин и до промена на активирање на „влезните односно излезните порти“,некои ќе речат кај чакрите.Треба да се напомене дека човековото тело ,има 7 енергетски центри ,108 базични чакри и 72000 нади канали(од кои 14 се посебно значајни).Најважни нади канали се Ида,Пингала и Шушумна.Енергизирање на Идата односно Пингалата преку дишењето влијае на нашиот живот секојдневно,вршејќи фино електромагнетно влијание на левата,десната,односно централната зона на мозокот,односно на предната,задната сфера и горната и долната сфера,околу 7-те чакри.Дишењето подразбира поголем односно помал проток на енергизиран воздух низ едниот канал(Ида или Пингала),а во ретки случаи подеднакво во двата канали,кога се активира сокриениот енергетски канал на Шушумната.Тоа доведува до конекција со единственото поле на сили и осцилации.Затоа нулата(Шуњата) која е рамнотежна состојба на двата поларитети Ида и Пингала(плус и минус),е толку важна во некои религиски учења.Треба да се додаде дека овие 7 основни енергетски центри,се поврзани со осцилацијата на 7 грахи (приближен превод-планети) и 2 те кармички сили кои делуваат кон центарот на земјата односно кон највисоката точка на космосот од местото на набљудување во однос на равимарга-сончевата рамнина(делумна информација).Нарушена електромагнетност на споменативе центри, подразбира и намалување на концентрација,видливост,чувство на еуфорија и апатија,преосетливост,почеток на болест итн.Оттука и зголемени несреќи за време на помрачувањата,односно во деновите околу истите.Директното гледање во сонцето за време на помрачување(пред се во радикалниот момент на светлината), не само што доведува до оштетување на нашите очи,туку подлабоко влијае на мозочната маса,создавање на „ганглии“, да ги крстиме-енергетски јазли,кои во зависност од наталната карта се активираате поволно односно неповолно во животот.Треба да се истакне дека е зголемен ризик да се надевате дека,спаѓате во поволната група на ова влијание,бидејќи процентот на родени кои кај кои е поволно ова влијание е многу мал.За поголемата група на живи битија кои зависат од електромагнетната осцилација на светлината,овој кус губитокот на осцилација е неповолен.Oттука мудра одлука, е да се избегне директно гледање во сончевиот диск,за време на сончевата еклипса-помрачување.Новинарите кои делумно се упатени во ова знаење,непотполно ја пренесуваат оваа информација и создаваат забуна кај широката популација. Астрономите кои повикуваат дека тоа се глупости и дека со користење добар филтер (темно пропусно стакло) нема ништо лошо да ви се случи, забораваат една важна работа.Информацијата дека тоа не е опасно,ги ослободува од одговорност, „неуките“ и забунети родители да превземат заштита на своите деца.Децата за кои ваквите помрачувања се настан за паметење,повеќе игра и докажување кој поубаво го видел феноменот(без разлика дали имаат стакло со висок фактор на заштита),и лесно може да доведе до непроценлива штета на нивното физичко,а потоа и ментално здравје.Доколку може треба да се заштити и само едно дете или живо битие на ваквото неповолно влијание на светлоста.