Уште неколку пожари во периодов

Објавеното предвидување за пожари се уште опоменува да се внимава до 3 септември годинава.Ова е серија на неколку пожари за кусо временски интервал.
 
Вчера во 14.10 часот во Битола на ул.„Индустриски пат“, во бараките на „Гранит“ (градежната фирма) , избил пожар во кујната-опожарена кујната и трпезаријата во површина од околу 200-300 метри квадратни.
 
Пожарот претпладне во околината на браната „Паљурци“ кај Богданци ,ги зафати ридовите.Ставен е под контрола и локализиран.Се претпоставува дека се работи за човечки фактор ,за причини за неговото избувнување.
    Во локализирањето на пожарот пристигнаа три противпожарни возила од Гевгелија и по едно возило од Струмица,Валандово и од Дојран.Во гаснењето учествувале  и работници од подружницата на шумско стопанство „Кожуф“ од Гевгелија.
пожарникар гаси пожар